2 – Работно досие 4: Односни норми

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 4: Односни норми

При проценувањето и оценувањето на учениците може да се разликува помеѓу три референтни норми:

  1. индувидуална норма или норма ориентирана кон индивидуата која го споредува моменталното со поранешното постигнување на ученикот.
  2. ориентирана кон целта на учење („објективна“) норма: Постигнувањето на ученикот се споредува со однапред дефинирани цели на постигнување.
  3. норма ориентирана кон групата (социјална норма): постигнувањето на ученикот се споредува со постигнувањата на останатите ученици во истото одделение или со категорија на иста возраст.

Видови на референтни норми

Норма ориентирана кон индивидуата

Норма ориентирана кон целта на учење

Социјална норма

Проценувана големина Напредок во учењето Цел на учење Крива на нормалната поделба, аритметичко средство, отстапки
Количество на информации Колку се научило помеѓу временски период 1 и 2? Во колкава мера училишното дете ја постигнало целта на учење? Колку силно отстапува индивидуалниот напредок од просекот на групата?
Форми на оценување Испитување, вербално оценување, извештај за напредокот во учењето, структурирано набљудување Испитување ориентирано кон целта, извештај за напредокот во учењето, структурирано набљудување Испитување со оценка која се ориентира на просекот на одделението

Педагошко значење и импликации

Многу високо; може да делува многу поддржувачки и мотивирачки во рамките на разговорите за оценување Високо; може да делува стимулативно, но и преоптоварувачки. Корисно е одредувањето на пр. три различни нивоа на постигнување со различни барања / цели Често се заложува за селективни цели; кај поттикнувањето на учениците нема значење; може да делува демотивирачки и/или да води до прекумерно конкурентно мислење