Лекција 2: Подготовка за дебатата

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2: Подготовка за дебатата

Клучни искази и стратегии за дебатирање

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Учество: учениците прават избор преку гласање.
Методи и вештини: тимска работа.
Крајна цел на учењето
Задачи на учениците Учениците ги подготвуваат нивните улоги во дебатата.
Материјали и извори Информација од медиумите.
Материјал за ученици 8.2-8.5, 9.1.
Таблоид, квалитетен весник и младинско списание.
Метод Работа во групи, учење преку соработка.
Временски буџет 1. Учениците бираат проблем – 10 мин.
2. Формирање групи за дебатата – 10 мин.
3. Работа во групи – 20 мин.

 

Информационо поле

Темата се состои од две активности на учениците: 1. Учениците го бираат проблемот за дебата и 2. учениците формираат групи и се спремаат за дебатата во нивните различни улоги: два дебатирачки тимови ( „позитивната“ или „за“ страната и „негативната“ или „против“ страната).

Поголемиот дел од часот треба да се посвети во подготвување на дебатата. Затоа важно е гласањето да се изврши без проблеми и ефикасно.

Би било интересно искуство за групите кои се новинари ако нивната сторија се објави во вистински весник. Наставникот може да ја предложи оваа идеа на тимовите. Ако учениците се согласуваат, наставникот заедно со нив одлчува како да пристапат кон одреден весник.

1. Учениците бираат проблем

Наставникот е претседавачот во овој прв час. Најпрво тојч/таа се заблагодарува на учениците за создавањето на толку многу интересни идеи. Потоа наставникот ја објаснува процедурата.

Се очекува учениците да ги прочитале идеите и материјалите кои се од нивните соученици и да се решиле кој проблем им е фаворит за дебатата. Гласачката процедура може да ја спроведат два ученика. Еден ги прашува сите ученици за нивниот избор. Другиот ги запишува темите на листа на таблата, забележувајќи ги тие кои се споменале повеќе пати. Потоа темите се рангираат и со гласање на мнозинството, класот избира помеѓу првите три на врвот на ранг-листата. Темата која е избрана станува проблемот за дебатата.

2. Формирање на групи за дебатата

Наставникот нагласува дека сега учениците ќе се подготвуваат за дебатата. Дебатата следи одредени правила, а учениците формираат групи и тимови кои ќе имаат различни улоги.

Учениците го добиваат материјалот за ученици 8.2 и го читаат во тишина. Тие поставуваат прашања ако треба нешто да се појасни и (пожелно е) другите ученици или наставникот да дадат одговор. Учениците треба да разберат која улога ја имаат различните тимови.

Учениците се приклучуваат на еден од следните тимови. Оваа табела покажува кои групи учествуваат во дебатата и кои материјали им се потребни. Тимовите треба да имаат еден член како резерва во случај некој од членовите на тимот да е болен на денот на дебатата.

Двата претседавачи меѓусебноги делат задачите за спроведување на дебатата и гласањето на публиката. Ако едниот претседавач е болен, другиот ги добива двата дела.

Група Број на членови (+ резерва членови) Материјал за ученици со бр.
Тим бр. 1 („позитивни“) 5 (+1) 8.3
Тим бр. 2 („негативни“) 5 (+1) 8.3
Прв и втор претседавач 2 8.2, 8.4, 8.5
Тим на новинари (квалитетен весник, таблоид, младинско списание) 3 x 2 8.6, 9.1
Публика Сите останати ученици 8.5

Практично ова може да се изведе со правење колони на таблата или неколку хартиени табли. Учениците потоа ги впишуваат нивните имиња под групата која ја избрале. Ако некоја група е преполна, наставникот и класот заедно одлучуваат како да се реши проблемот. Групата е на учениците, не на наставникот. Искуството покажало дека учениците се желни за соработка и групите се формираат брзо, со задоволителен резултат за учениците.

3. Подготовки за дебатата

Групите добиваат копија од материјалот за ученици 8.3 (тимовите за дебата), 8.4 (публика) или 8.5 (новинарски тимови). Во втората половина од часот, групите ја планираат активноста и ако е потребно самите си даваат домашна задача. Наставникот е набљудувач и инструктор. Како инструктор, наставникот не приоѓа на групите, не ги чита информациите ниту пак учествува во создавањето на резултати. Ако на групите им е потребна поддршка, тие му приоѓаат на наставникот. Ако не им треба помош, тие ја имаат слободата и одговорноста да работат како што мислат дека е најдобро. Искуството покажало дека учениците ја ценат довербата која им се дава, што делува како мотивација и охрабрува.

Наставникот дава копии од нивниот тип на весник (таблоид, квалитетен весник, или младинско списание) на новинарите. Ова ќе им помогне да замислат каков профил и публика има нивниот весник и како треба да изгледаат нивните вести.

Ако е воопшто можно, наставникот ги замолува учениците да ги наместат клупите и столчињата за дебатата како што е наведено во материјалот за ученици 8.2 пред да почне следниот час.