6.1 Зошто во ОДГ/ОЧП ни се потребни основните концепти?

Living Democracy » Textbooks » 6.1 Зошто во ОДГ/ОЧП ни се потребни основните концепти?

Како што е погоре наведено го сфаќаме ОДГ/ОЧП како конструктивистички процес на учење.21 Учениците создаваат или конструираат значење и разбирање со тоа што информациите ги поврзуваат со концепти. Учењето и мислењето се случуваат на конкретно и апстрактно рамниште. Апстрактното мислење се заснива на концепти. Без односот на заеднички концептуален систем чии дефиниции ги разбираме и на кој ние сме се согласиле, размената на мисли и идеи, дебати, дискусии или донесувањето на пресуда би биле невозможни.

Според тоа концептите се неопходни за конструктивистичкото учење и најпосле исто и за полититичкото изнаоѓање на решенија. Но кои концепти треба да ги примениме? Ние живееме во плуралистички општества, а тоа значи како поединците, така и групите застапуваат различни, понекогаш и конкурентни интереси и вредности. Освен тоа филозофијата и социјалните науки поаѓаат често од различни а исто така и контроверзни пристапи. Со тоа при изборот на основните концепти не може да се потпреме само на еден извор. При конструктивистичкиот пристап на учење со неговиот фокус на развивањето на компетенции, концептите се неизбежни, а во политичкото образование концептуалните модели се важна тема. Нашиот модел (види долу) претставува само еден можен пристап.

Се решивме за следната рамка од девет концепти бидејќи овие концепти се однесуваат како на искуствата на учениците во училишното микро-општество, така и на политичката заедница како целина. Подробно се работи за следните основни концепти:

  • Идентитет;
  • Разноликост и плурализам;
  • Одговорност;
  • Конфликт;
  • Правила и закони;
  • Држава и политика;
  • Рамноправност;
  • Слобода;
  • Медиуми.

Основните концепти се обработени во актуелните материјали во вид на спирален наставен план, бидејќи поединечните книги постепено го преместуваат тежиштето од училишната заедница (основен степен, книга II) на политичката заедница (секундарен степенII, книгаIV). Книгата III ги зема предвид двата аспекта (види овде и дел 1, наставна тема 4, во актуелната книга).

Концептите на демократија и човекови права продираат во сите девет основни концепти. Сите основни концепти можат и мора да се поврзат според степенот на возраст и темата со останатите концепти и категории. Сите три книги (II, III, IV) содржат наставни теми од по девет модели, секој со по четири секвенци, а секоја наставна тема се однесува на истиот основен концепт. Ова се случува на различни начини, при што истовремено се илустрира, како истиот концепт може да се прилагоди на нивото на разбирање на различните степени на возраст на учениците. Една таква вертикална комбинација од две или три книги овозможува конструктивистички процес на учење во кој секој основен концепт му служи на ориентирањето и на разбирањето на контекстот. Истовремено основните концепти се поврзани еден со друг и на хоризонтално рамниште и овозможуваат взаемно сврзано разбирање. Индикација за потенцијални поврзувања нуди прашањето на која димензија на политичкиот поим се однесуваат овие основни коцепти.22

21. Види горе поглавје 4 („Ние го создаваме светот во нашите глави“: конструктивистички приод на учење).
22. Останати податоци за трите основни димензии на политичкиот поим ќе најдете долу во дел 2, наставна тема 3, работно досие 1 (Како можам да ѝ пријдам на темата политика во моето образование за демократско граѓанство и човекови права?).