Лекција 3: Предлог – статути

Living Democracy » Textbooks » Лекција 3: Предлог – статути

Споредба на идеи за создавањена институции со цел да се реши проблемот со мнозинството/малцинството

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Правење кратки презентации, споредување и оценување на идеи и размисли.
Крајна цел на учењето Институционалното создавање вклучува критериуми како што се изводливоста, праведноста и стабилноста.
Задачи на учениците Учениците ги истражуваат критериумите за создавање на институции. Тие прават презентации и ги споредуваат нивните идеи.
Материјали и извори Материјал за ученици 7.4.
Матрица за презентациите (табла или хартиени табли).
Пет листа А4 со маркери по група, лепило или селотејп.
Метод Групни презентации, пленарна дискусија.
Временски буџет 1. Презентации: предлог-статути за спортскиот клуб – 30 мин.
2. Споредба на предлог-статутите – 10 мин.

 

Информационо поле

Овој час посветува најмногу време на учениците. Групите имаат можност да ги изразат нивните погледи (учество), под услов нивните презентации да се готови, а говорниците мораат да ја почитуваат временската граница (ефикасност). Учеството зависи од ефикасноста. Ефикасното работење е предуслов за учеството во демократија. Од оваа причина, развивањето на методолошки вештини е важно во ОДГ/ОЧП.

Опис на лекцијата

1. Презентации од учениците

Наставникот ја претставува агендата: говорниците ги создаваат презентациите, осврнувајќи се на прашањата во материјалот за ученици 7.3. Овие прашања повторно се појавуваат во матрицата. Тие се однесуваат на критериумите при создавање на институции –изводливоста, праведноста и стабилноста.

Наставникот ја црта матрицата на три хартиени табли или таблата. За да се намали времето на пишување, наставникот прикачува листови со А4 формат на матрицата на кои се клучните прашања. Ова исто така е демонстрација на методот на презентација кој ќе го користат учениците.

Клучни прашања Група 1 Група 2 Група 3 Група 4 Споредба
Дистрибуција на средства: како?
Кој одлучува за дистрибуцијата?
Автономност за групите?
Не – дискриминирање?

 

 

Секоја група има најмногу 6 минути за презентирање. Групите една по една ги претставуваат резултатите. Наставникот претседава со оваа сесија. Учениците не треба да почнуваат дискусија пред да се слушнат сите презентации. Сепак, презентерите треба да ги објаснат причините за предлозите на нивните групи.

Наставникот ги охрабрува презентерите да гледаат во класот и да не остваруваат визуелен контакт само со наставникот.

Втор член од тимот е одговорен за запишување на информациите. Овој ученик прави кратки белешки во деловите кои се на таблата, или хартиената табла (може да се користи и проектор). Учениците забележуваат во нивните материјали за ученици. Овие записи се основа за дискусијата во следниот час.

Наставникот ги повикува презентерите да ги објаснат причините за предлозите од нивната група.

2. Споредување на предлог-статутите

Учениците ги споредуваат моделите пред да ги оценуваат. Иако презентациите беа структурирани вертикално во колони  како што се и одговорите на последователните прашања, сега учениците ја менуваат перспективата и ја читаат матрицата хоризонтално и ги споредуваат одговорите на групите на едно определено прашање. Во последната колона наставникот (како претседавач) ги забележува сознанијата на учениците.

Учениците прават свои забелешки на материјалот за ученици 7.4.

3. Домашна задача – подготвување информации за дискусијата

Наставникот објаснува дека учениците треба да го почнат следниот час со нивните информации. Кој од предлог-статутите е според нив најубедлив – и од кои причини?

Материјалот за ученици 7.4 ги има клучните прашања за оценување на статутот, а исто така на учениците им дава упатства како да ги користат овие прашања и ја објаснува нивната цел во ОДГ/ОЧП.