Час/Лекција 3: Јас сум дома во Европа (правење физички мапи II)

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 3: Јас сум дома во Европа (правење физички мапи II)

Реки, планини и релјефни форми во Европа

Цели на учењето Учениците развиваат чувство за сите различни карактеристики на Европа како континент. Започнуваат да го сфаќаат концептот на просторна поврзаност со тоа што гледаат од каде доаѓаат.
Задачи на учениците Откако ќе ги постават границите и земјите, учениците продолжуваат со карактеристиките на релјефнте форми. Ги обележуваат реките, планините и другите важни карактеристики на физичката мапа. На крајот, ја обликуваат физичката мапа.
Ресурси Испечатени копии од мапата на Европа како скица, син материјал за обележување на реките (хартија, текстил, итн.), материјал во боја за обележување на планините и релјефните форми (хартија, текстил, итн.), атлас, фотоапарат.
Методи Работа во парови или групна работа.

Опис на часот

Откако ќе ги обележат границите на земјите и нивните главни градови, како и нивните знамиња,  учениците продолжуваат да работат на поставување на реките и релјефните форми. Тоа значи дека сите ученици нема да бидат ангажирани, бидејќи не сите земји во Европа имаат големи реки и релјефни форми. Наставникот може да ги распредели овие ученици во нови групи или пак учениците кои веќе завршиле со својата земја може да ги распредели во друга група.

Учениците може да користат различни материјали како текстил, хартија, итн., за да ги обележат формите и другите релјефни форми.

Учениците може исто така да додадат и други елементи на физичката мапа, но тоа треба да е по своја волја. Учениците треба да се решат дали ќе го направат тоа или не; исто така тоа зависи од информациите кои тие ги нашле кога истражувале за земјата за која требало да истражуваат (на пример, за храна, славни личности, итн.).

Кога физичката мапа е готова, истата треба да се слика. Најдобро би било кога би се направиле две фотографии од неа – една во која учениците ”стојат” во своите земји и една без учениците, за да може јасно да се видат сите реки, планини и релјефни форми.