Лекција 2 и 3: Што би правел/а?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 2 и 3: Што би правел/а?

 Ние преземаме одговорност за нашите одлуки

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Компетентност во одлучување и делување: справување со дилеми
Крајна цел на учењето Правиме различни избори кога се справуваме со дилеми. Со тоа ние го практикуваме човековото право на слобода.
Преземањето одговорност вклучува справување со дилеми: собирање информации, размислување на последиците, одредување приоритети, одлучување.
Задачи на учениците Учениците дискутираат за зададени случаи со дилема и се осврнуваат на нивните лични искуства.
Материјали и извори Материјал за наставници 2.2.
Материјал за ученици 2.1 -2.4.
Табли, маркери.
Метод Работа во групи.
Временски буџет 1. Наставникот ја претставува клучната задача на оваа тема. – 10 мин.
2. Клучна задача: учениците дискутираат за дилемите – 70 мин.

Информационо поле

Преземањето одговорност во секуларните демократски општества има конструктивистичка димензија: ние мораме да дознаеме како да преземеме одговорност во дадена ситуација. Преземањето одговорност во дилеми и под притисок е тешко, но е нешто што може да се развие.

Клучната задача на оваа тема е со таа цел. Учениците дискутираат за проблемите и изборите на приоритети во ситуации со дилема. Преземањето одговорност е конкретна работа и затоа учениците се справуваат со четири дилематски проблеми кои се различни по содржина (види материјал за ученици 2.3): преземање одговорност за нешто што некој друг требало да се погрижи, конфликт на лојалноста кон наставник и другар/ка, конфликта на лојалноста кон пријател и обврската да се почитува законот, одлучување дали да се поддржи проект без да се биде целосно информиран.

Учениците ги подготвуваат презентациите по нивен избор, во кои се концентрираат на нивните причини (види мат. за ученици 2.4). Како поддршка за овие презентации наставникот ја подготвува таблата според печатениот материјал, со адаптиран изглед (види материјал за наставници 2.2)

Опширните задачи од проектен тип на наставникот му ја даваат можноста да ги процени развивањата на компетенции на учениците (види фаза 3 подолу).

 Опис на лекцијата

1. Наставникот ја претставува клучната задача на темата

Целта на оваа вежба е да се анализираат начините на решавање дилеми и критериумите кои се користат. Во вистинскиот живот често мораме да правиме одлуки во секунди и можеби ќе жалиме подоцна во животот ако тие се неповратни. Во политиката, процесите на донесување одлука често се дилеми – со спротиставени цели.

Во оваа клучна задача, учениците можат да го учат комплексниот процес на одлучување со забавено темпо и да размислуваат за одговорноста која ја земаат кога ја решаваат дилемата на еден начин или друг.

Тие треба да ги запишат одлуките и причините на материјалот за ученици 2.4. Ако не можат да се согласат за една одлука во рамките на групата, треба да се запишат и претстават двата погледи.

Учениците прават групи од четири до шест ученици. Назначуваат раководител на групата, презентер и пишувач кој му помага на презентерот. Тие ги дискутираат четирите дилеми од материјалот за ученици 2.3 со бирање прашања и критериуми од помошните алатки (мат. за ученици 2.2). Групите можат да имаат понатамошни дискусии за дилеми од лично искуство или политиката.

2. Клучна задача: учениците дискутираат за дилемите

Учениците работат во групи. Тие се одговорни за нивната работа, вклучувајќи одлуки за паузи, домашни задачи, истражување за материјали итн..

3. Активности на наставникот

Наставникот ги надгледува учениците. Додека учениците работотат наставникот може да го процени нивното ниво на развој на компетентноста – соработка/тимска работа, организација на времето, разбирањето на дилеми, ниво на размислување, анализа и политичко расудување.

Тој/таа не им помага на учениците освен ако не побараат: во тие случаи наставникот не треба да даде решение, туку да им помогне да најдат адекватен пристап.

Подготовка за лекција 4

  • Наставникот подготвува шест табели за презентација (види материјал за наставници 2.2). Секоја табела е на посебен лист. Наставникот ги впишува насловите на случаите со дилема и алтернативните решенија.
  • Наставникот ги надгледува учениците и ги прашува како се справуваат со задачата. Ако на учениците им е тешко или сметаат дека задачата е над нивниот капацитет, наставникот треба да зборува за овие проблеми во фазата за размислување. (лекција 4, фаза 3)