Вежба 4.3. – Вистина и лага

Living Democracy » Textbooks » Вежба 4.3. – Вистина и лага
Образовни цели Учениците стануваат свесни за стереотипите во нивните умови и критички размислуваат за нив. Тие разбираат дека поедноставувањата и стереотипите ни помагаат да се справиме со комплексноста на светот во кој живееме.
Учениците ја развиваат нивната способност да расудуваат и прават одлуки. Со правењето така, тие се мотивирани да развијат критички став.
Ресурси Во училницата треба да се тргнат клупите и столчињата. Се одредуваат места за „вистина“ и „лага“ во спротивните агли од училницата.

Процедура

  1. Учениците стојат во средината на собата. Наставникот чита низа вистинити или лажни искази за жените, мажите, различни националности итн.
    Реагирајќи на секој исказ, учениците одат во еден агол или во друг во зависност од тоа што сметаат дека е вистина или лага.
    Учениците кои немаат мислење остануваат во средината.
  2. Наставникот ги поканува учениците да ги објаснат нивните избори.
    Наставникот го дава вистинскиот одговор. Битно е овој чекор никогаш да не се испушта.
  3. Учениците одговараат на информациите на наставникот. Наставникот ги мотивира да објаснат како ги гледале другите, посебно ако овие перцепции се покажале како невистинити.

Продолжение

Учениците го анализираат начинот на кој медиумите се справуваат со проблемите поврзани со малцинствата, полот, насилството, итн. Тие ги идентификуваат примерите за стереотипи, предрасуди, површност или темелно и истражувачко новинарство. Учениците се обидуваат да ја исправат информацијата која сметаат дека е погрешна или нецелосна.