Метод 5: Интернет – истражување

Living Democracy » Textbooks » Метод 5: Интернет – истражување

На интернет можеш да најдеш информации речиси за секоја тема. Меѓутоа мораш да размислиш како сакаш да постапуваш за да стигнеш до вистинските централни и сигурни информации.

Барање на информации

Запиши на лист хартија клучни зборови на темата која што ја избра или доби. Размисли што точно сакаш да дознаеш на оваа тема.

Примери:

  • ОДГ/ОЧП: што токму значи тоа?
  • Совет на Европа: што прави тој, од кога постои, каде заседава, кој му припаѓа?
  • Малцинства: кои малцинства ги има во мојава земја; дали порано имало и други?
  • Демократија: од кога ја има оваа форма на државно управување, кои се нејзините предности и недостатоци?

Стави во пребарувачот (на пр. во Google) во наводници поими на барање кои се состојат од повеќе зборови, на пр.: „демократија, историја“- тестирај различни комбинации на поими на барање. Размени со твоите соученици добри стратегии на барање.

Проверка на информации

Бидејќи секој има пристап до интернет и може да става инфомации на интернет, важно е сите податоци кои таму ќе ги најдеш внимателно да ги провериш пред да ги употребиш.

Обиди се да ги разјасните следните прашања:

  • Можеш ли овие информации да ги најдеш и на други веб-страни?
  • Кој ги направил овие информации јавно достапни?
  • Дали ова лице или организација е доверлива?
  • Кој интерес би можело да го има лицето или организацијата со објавувањето на овие информации?

Спореди ги информациите од интернет со информации од други извори:

  • Наидуваш ли на истите информации и во книга, разговор или преку сопствени набљудувања?
  • Дали информациите на интернет се актуелни, разбирливи и пообемни отколку тие што можеш да ги изнајдеш во книга или разговор или преку сопствени набљудувања?
  • Кои информации се најадекватни за твојата цел?

Меморирање на информации

Доколку си нашол добра веб-страна која сакаш подоцна повторно да ја погледнеш или да ја користиш како извор, тогаш треба да изработиш лична листа со веб-страни:

  • Отвори празен документ.
  • Маркирај ги URL (адресите на веб-страните).
  • Копирај ги URL со наредбата „копирај“ или со тоа што истовремено ќе притиснеш на тастерот „Ctrl“(команда) и на тастерот „C“.
  • Вметни ја URL во твојот документ (со наредбата „вметнување“ или со тоа што истовремено ќе притиснеш на тастерот „Ctrl“(команда) и на тастерот „V“).
  • Зачувај го твојот документ под „веб-страни_тема“, на пр. „веб-страни_демократија“.