2.1 Задача

Living Democracy » Textbooks » 2.1 Задача

Иницирањето и придружувањето на процесите на учење не припаѓа само во највозбудливите, туку исто така и во најпретенциозните задачи на наставникот (види горе). Замислите кои наставниците ги имаат за процесот на учење го градат исто така речиси столбот на нивното севкупно наставно планирање. Доколку фалат темелни размислувања за прашањето кои процеси на учење учениците мора да ги поминат за да се постигнат целите кон кои се стреми, тогаш неизбежно е загрозено целото планирање (наставните техники, опкружувањето при учење, активностите за учење, задачите и методите на работа.)

Справувањето со прашањето како поединечни ученици можат најдобро да научат нешто, бара многу време и често е тешко. Сепак оној кој ќе најде време и ќе се потруди околу ова прашање, и ќе разговара за тоа со учениците и на крајот ќе ги евалвира собраните искуства и ќе ги рефлектира, постепено ќе стане експерт по предметот учење. Процесите на учење се комплексна работа и нивниот успех зависи од многу фактори. Следните опширни клучни прашања и приложените работни досиеја помагаат многубројните фасети на оваа група од теми поблиску да се разјаснат.