I. Работни материјали за учениците – Вовед

Living Democracy » Textbooks » I. Работни материјали за учениците – Вовед

Почитувани ученици,

Ова е Ваше упатство. На следните страници ќе најдете голем број на работни материјали кои треба да ги користите дома или на училиште.

Вашиот наставник ќе Ви објасни како и кога да го користите секој дел од работниот материјал, но исто така можете и сами да одлучите кога да го направите тоа ако сметате дека Ви е потребно.

Ќе мора да работите самостојно со помош на дел од работниот материјал. Со другиот дел, ќе треба да работите заедно со Вашите соученици.

Некогаш ќе треба да исечете делови од работниот материјал, а некогаш ќе треба да цртате на нив.

Некои задачи ќе бидат лесни за работа, а некои не и ќе мора да размислувате.

Ако Ви е потребна дополнителна помош, можете да ги користите активностите на крајот од ова упатство.

Се надеваме дека ќе уживате во работата и дека ќе имате доста добри идеи!