II. Активности за ученици

Living Democracy » Textbooks » II. Активности за ученици

Почитувани ученици,

Она што следува се активности кои се наменети за Вас. На страниците кои следуваат има активности кои ќе Ви помогнат и дома и на училиште. Што се тоа активности? Сигурно знаете дека како што можете со алатка да направите нешто, истото можете да го направите и со одредена активност. Во учењето, правење на некоја активност е метод кој ќе ви помогне полесно да научите нешто. Така, кога знаете како да барате информации и како истите да ги презентирате или да подготвите презентација, тогаш сте спремни нешто повеќе.

Вашиот наставник ќе Ви објасни како и кога да ги користите овие активности. Но исто така можете и самите да ги разгледувате активностите кога сметате дека е потребно.

Активностите можат да Ви помогнат при разни ситуации, како на пример:

  • Како да барате и прибирате информации;
  • Како да ги организирате информациите;
  • Како да направите креативно дело;
  • Како да ја презентирате својата работа;
  • Како да работите со другите ученици.

Секоја активност започнува на засебна страна. Можете да ја читате секоја активност посебно или заедно со некој соученик.

Некои од активностите може веќе и да Ви се познати. Некои од активностите ќе се нови за Вас и ќе ви бидат од помош.

Се надеваме дека ќе уживате во работата и дека ќе Ви биде доста интересно кога ќе ги употребувате овие активности.