1. Вовед

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед

ОДГ/ОЧП е една самостојна мерка, со цел на младите луѓе да им се предадат потребните вештини за учество како активни граѓани. Притоа делумно се применуваат и нови и самостојни форми на учење. Наставникот би требало да ги познава и владее соодветните методски форми и пристапи за да може да ги примени во различни области на учење. Во овие различни форми на учење спаѓаат:

  • индуктивно учење: наместо да се постапува по апстрактни концепти, учениците треба да решаваат конкретни проблеми или да носат одлуки, потоа тие треба да ги генерализираат нивните спознанија и да ги пренесат на други ситуации;
  • учење ориентирано кон дејство: учениците учат преку сопствено делување, наместо да им се кажува што треба да направат;
  • релевантно учење: активностите на учење се занимаваат со ситуации од реалниот живот во училиштето и општеството;
  • колаборативно учење: примена на групна работа и кооперативно учење;
  • интерактивно учење, ориентирано кон дејство: учење низ дискусии и дебати;
  • критичко учење: учениците се поттикнуваат на самостојно размислување, при што се прашани за нивното мислење и ставови и се поддржуваат во стекнувањето со техники за аргументирање;
  • партиципативно учење: учениците можат нивниот сопствен процес на учење да го содизајнираат, со тоа што ќе смеат на пр. да предлагаат теми за дискусија или истражување или ќе го оценуваат нивниот сопствен процес на учење или оној на нивните соученици.

За да можат овие цели да бидат постигнати, наставникот мора да располага со методи за поддршка на учениците. Некои од овие методи се особено важни за ОДГ/ОЧП. Затоа натаму ќе бидат опишани во што е можно поконкретна форма.