Час/Лекција 1: Одговорност

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 1: Одговорност

Учениците ги дискутираат основите на одговорноста

Цели на учењето Учениците размислуваат за одговорноста како термин кој е поврзан со луѓе, предмети или задачи.
Задачи на учениците Учениците собираат и анализираат весници и списанија кои се читаат во нивните заедници. Изработуваат постер на кој ги забележуваат своите резултати.
Ресурси Работен материјал.
Методи Групна работа.

Информација

Одговорноста како концепт има корени во политичките контексти во 18-ти и 19т-и век, кога се работеше за одговорни дела и принципите на претставителна влада. Во филозофијата на 20-ти век, фокусот беше на прашањето за слободна волја: дали една личност е одговорна за своето однесување или за својот карактер? Дискусијата се концентрираше повеќе на индивидуата.

Како резултат, денес е тешко да се разбере концептот на колективна одговорност, што претставува прашање кое има добиено ново место во современата политика. Тоа е така бидејќи секојдневните прашања во врска со одговроноста – прашања за заедничка одговорност, дефинирање на полето на одговорност на една личност, или оценувањето дека една личност е доволно одговорна за да биде на позиција- мора да биде земено предвид.

Опис на часот

Учениците седат на своите столчиња во круг. Наставникот го става flipchart-от или големо парче хартија со наслов “Преземање одговорност за…” во средината на кругот. Околу него, наставникот става слики извадени од списание кои покажуваат, на пример:

  • Милениче 1;
  • Милениче 2;
  • Милениче 3;
  • Група на луѓе;
  • Една личност;
  • Едно дете;
  • Езеро/река;
  • Храна;
  • Мебел;
  • Срце;
  • Ѓубре.

Потоа, наставникот става картички со зборови на подот. На нив се напишани имињата на поимите покажани на сликите.

Откако учениците ќе ги разгледаат сликите, наставникот бара од нив да ги поврзат со картичките со зборови. Кога тие ќе завршат со ова, наставникот го прашува класот за следниот проблем:

  • Што значи да се преземе одговорност за некој или нешто?
  • Размислете за некое тешко искуство. Што беше тешко во врска со тоа? Што ти се допадна од тоа?

Она што е важно тука, е наставникот најпрво да го претстави проблемот и само потоа да формира парови од учениците за да работат заедно на истиот. Инаку, вниманието на учениците ќе биде фокусирано на формирање на паровите, а не на решавање на проблемот.

Учениците го дискутираат проблемот во паровите неколку минути и потоа ги претставуваат нивните размислувања пред целиот клас. Сите ученици нема да имаат можност да ги искажат своите ставови, но треба да им се даде шанса на сите сè додека се внимава секогаш еден ист ученик да презентира пред класот.

После кратката дискусија, учениците добиваат задача да размислат за различни професии и како преземањето на одговорност за одредена работа или позиција може да биде организирано:

  • Преземање одговорност за себе си;
  • Преземање одговорност за другите;
  • Преземање одговорност за нешта.

Наставникот му дава задача на еден ученик да направи листа на професии или работи на таблата или на flipchart-от.

Во последната четвртина од часот, на учениците им се дава задача да напишат краток текст (истите парови на ученици) и да го завршат дома.

Задача:

“Изберете една професија од листата. Можеби веќе знаете некој кој тоа го работи. Ако сакате, може да изберете професија која не е на листата. Напишете краток текст за таа професија и за одговорностите на лицето кое ја работи таа работа:

  • Одредете кои задачи ги има лицето кое ја работа таа работа;
  • За што или кого треба тој/таа да преземе одговорност?
  • Ако лицето не преземе одговорност, какви последици ќе има тоа за државата, фамилијата, училиштето или заедницата?
  • Што може да претставува потешкотија за лицето кое ја работи таа професија?

Текстот треба да се напише за да може потоа да биде изложен во училницата. Од помош може да е ако има и илустрација, колаж или слика до секој текст, па со тоа ќе се направи постер.