4. Интерпретирање на слики

Living Democracy » Textbooks » 4. Интерпретирање на слики

Исто како текстовите, сликите содржат многу информации. Следните насоки ќе ви помогнат да ги интерпретирате и разберете сликите.

Дознајте ги информациите за сликата:

  • Кои се најважните бои на сликата?
  • Кои се најпрепознатливи линии, форми, начини на сликање?
  • Што е поголемо или помало од вообичаено?
  • Колку е големо нештото/ човекот во сликата за разлика од вистинскиот живот?
  • Кој временски период (минато, сегашност) и кое време од годината и денот се претставени на сликата?
  • Од која перспектива го гледате субјектот на сликата: од птичја или од жабја перспектива?
  • Што можеш да препознаеш на сликата?
  • Каква слика е (фотографија, постер, слика, дрворезба, графика, колаж, портрет, пејзаж, карикатура, и сл.)?
  • Што е претерано или нагласено на сликата (темно/светло, пропорции, позадина/преднина, колоритност, движење/мирување, гестови, изрази на лицето)?

Разгледувајте ја сликата:

  • Што е најзабележително на сликата?
  • Што ти се допаѓа на неа?
  • Што е карактеристично за сликата?
  • Како се чувствуваш кога ја гледаш сликата?
  • Кој е најубавиот дел од сликата?
  • Кои зборови ти доаѓаат на памет кога ја гледаш сликата?

Разговарајте за сликата:

  • Опишете ја сликата со свои зборови
  • Објаснете еден на друг што е значајно, карактеристично или важно за сликата.
  • Поставете си прашања за сликата еден на друг.
  • Дајте си кратки наредби еден на друг, како на пример барај, најди, покажи, објасни …
  • Дискутирајте за прашања како: Зошто се избрани овие слики? Кои слики одговараат на текстот кој припаѓа на сликите? Кои слики се судираат со она шо е напишано во текстот?

Работете со сликата:

  • Одберете слика и одглумете ја сцената која е насликана.
  • Претставете ја личноста која ја гледате на сликата.
  • Променете ги сликите и разговарајте за нив.
  • Споредете историски слики со сликите кои ги имате.
  • Објаснете што би било тешко да се разбере во текстот ако ги немавте сликите пред вас да ви помогнат.
  • Додадете соодветни слики кои ќе одговараат на текстот.
  • Споредете ги сликите и дискутирајте. Дали ви се допаѓаат? Ако не, зошто?
  • Напишете опис за сликата.
  • Размислете што се случило пред да се наслика сликата/ да се фотографира.
  • Размислете што би се случило ако оживее сликата.
  • Додадете дијалози до сликата.
  • Објаснете ги звуците и мирисите кои ви ги побудува сликата кога ја гледате.
  • Собирајте слики со слични предмети на нив.

Интерпретирајте ја сликата:

  • Кој наслов би и го дале на сликата?
  • Каде е насликана/фотографирана сликата?
  • Што сакал да каже сликарот/фотографот со сликата?
  • Зошто е насликана/фотографирана оваа слика?