Час 1: Желби, основни потреби, човечко достоинство и човекови права

Living Democracy » Textbooks » Час 1: Желби, основни потреби, човечко достоинство и човекови права

Дали јас имам човеково право за сé што ќе посакам?

Цел на учењето Учениците можат да покажат дека човековите права се предуслов секое човечко суштество да биде способно да живее со достоинство.
Задачи за учениците Учениците ги поврзуваат нивните желби со
(нивните) основни потреби и човекови права
Материјали Материјал за учениците 5.1 (по еден примерок за
група од четири или пет ученици).
Материјал за учениците 5.2 (по еден примерок за
група од четири или пет ученици).
Метод Групна работа, пленарна работа.
Критичко мислење.

Концепти

Значајно е да се прави разлика помеѓу желба и основна потреба. Основните потреби на човечките суштества, кои треба да се исполнат, со цел за нивно оспособување да живеат со достоинство, можат да се сметаат како основа врз која човековите права се формулирани.

Овој час има потенцијал за работа на постер и концептуално мислење како продолжителни активности.

Часот

За да направи вовед во часот, наставникот ги информира учениците како ќе биде организиран часот, но не би требало да навлегува во детали во врска со главната тема. Учениците започнуваат прашувајќи се, себеси и меѓусебно, за нивните желби и потреби – подоцна, во текот на часот, тие ќе откријат дека многу од нив одговараат на тема за човековите права. По воведот (не повеќе од една или две минути), учениците се делат во мали групи од четири или пет и им се даваат задачите во две фази. Наставникот, прво, ја објаснува првата задача и индивидуално го објаснува наредниот чекор на групите, откако тие ќе завршат. На овој начин, се задоволува брзината на индивидуалното учење.

  • Задача 1: Материјал за учениците 5.1, Желби, потреби и права. Групата составува листа на нивните материјални потреби (на пр. „добар оброк“) во левата колона од листот и додава најмалку три „нематеријални“ желби (на пр. „да се биде сакан„). Потоа тие размислуваат за потребите кои одговараат на овие желби и ги додаваат во средната колона.
  • Задача 2: Потоа, наставникот им дава, на групите кои ја завршиле задача 1, копија од материјалот за ученици 5.2, Листа на човекови права и ги замолува да ги запишат правата кои одговараат во последната колона (на пр. „право на храна“, „слобода од дискриминација“).
  • Задача 3: Групите кои завршиле порано би требало да започнат да размислуваат за креирање на постер на човекови права со избирање на една од потребите и правото кое ѝ одговара. Тие треба да дискутираат за содржината на нивниот концепт и да гледаат врз него од уметничка гледна точка и потоа да дизајнираат нацрт-предлог.

Откако групната работа е завршена, наставникот може да ги запишува идеите на групите на таблата. Тој/таа црта табела со три колони и ги замолува претставниците од секоја група да додадат желба, потреба и право кое одговара за нив. Ова  продолжуваé дсодека на листата не се напишат десет желби, потреби и права (ако е можно, искористи флип чарт, за потоа листовите да можат да се постават на ѕидовите од училницата за да ги потсетуваат групите на нивните дискусии).

Сега, наставникот води кратка пленарна дискусија, користејќи ги следниве идеи:

  • „Вие сте откриле дека вашите желби и потреби одговараат со идеите од Конвенцијата за човекови права. За ова е потребно објаснување!“
  • „За некои права од Конвенцијата не сме размислиле. Тие, можеби не се важни или можеби биле опфатени со некое друго право. Која е вашата гледна точка?“
  • „Погледнете ја листата на човекови права. Кога размислувате за неа, што ви е потребно со цел да живеете еден пристоен живот, или што им е потребно на другите луѓе, од другите региони или земји, а што недостига? Кое човеково право би го додале понатаму?“

За крај на дискусијата, наставникот ги информира учениците дека постои дебата за главниот фокус на човековите права насекаде во светот. Еден заклучок е: „Човековите права се потребни за да му се дозволи на секого да живее со достоинство.“ Потоа, наставникот ги замолува учениците да размислат за алтернативите од овој заклучок. Ова би можело да биде задача како дел од домашната работа. Ако е можно, во наредните неколку денови, учениците би требало да ги додадат нивните идеи на листовите хартија, поставени на ѕидовите. На овој начин, процесот на размислување може да продолжи.

Како една дополнителна задача, учениците би можеле да се замолат да креираат постери на темата за човековите права, употребувајќи исечоци од весници и списанија или сопствени цртежи или слики. Ова би можело да се искористи за украсување на училницата или за изложба.

Конечно, за да сумира, наставникот дава кратко резиме за идеите и целите на овој час. Тој/таа може дури и да го објасни дидактичкиот принцип од индуктивниот концепт: тоа е, да се започне со истражување на искуството и личните идеи и да се заврши со објаснување на концептот или теоријата.