Материјал за ученици 7.4: Записник за презентации на групите: правење статути за микро-заедница

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 7.4: Записник за презентации на групите: правење статути за микро-заедница

Запишете ги резултатите на вашата група во овој записник и вклучете ги идеите на другите групи во презентационата сесија.

Клучни прашања Група 1 Група 2 Група 3 Група 4 Група 5 Споредба
Распределба на фондот
Кој одлучува за распределбата?
Автономија на групите
Принцип на недискриминација
(мнозинство/малцинство)

 

Оцена на предлог-статутите – клучни прашања

  1. Праведност: Дали овој статус праведно го решава проблемот со мнозинството/малцинството?
  2. Демократија: Дали статутот го почитува принципот на владеење на мнозинството?
  3. Ефикасност: Дали правилата за одлучување ќе функционираат добро?
  4. Балансирање и/или приоритизирање: Дали статутот направил компромис меѓу различните интереси и принципи, или дал приоритет на едните или другите?

Како да се применат овие прашања

Обидете се да го одговорите секое прашање по ред. Вклучете повеќе прашања ако сакате.

Ако одлучите да изоставите некое прашања за да се концентрирате на другите, објаснете зошто.

Запишете ги вашите расудувања, со причини.

Причините за овие упатства

Вие имате слобода да формирате свое мислење. Слободата на мислење и изразување се човекови права.

Следно, нема „погрешни“ или „точни“ одговори.

За да си помогнеме едни со други при разбирањето на нашите мислења, мораме да ги објасниме нашите причини. А тука, има разлики во квалитетот. Некои аргументи се поубедливи, повнимателно осмислени од другите.

Кога учествуваме во демократијата, внимателното размислување и добрите вештини за аргументација се важни кога сакаме да ја добиеме поддршката на другите луѓе за нашите цели. Затоа овие вештини се развиваат преку оваа задача.