Материјал за учениците 3.1: Училиштето на работ од шумата

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 3.1: Училиштето на работ од шумата

Постоеше еднаш една заедница на луѓе кои живееја во густите шуми, сместена во еден планински венец. Тие беа религиозни луѓе, кои ги воспитуваа нивните деца строго да ги почитуваат боговите на нивниот народ. Нивната религија веруваше дека не постојат разлики помеѓу мажите и жените.

Помеѓу планините и најдалечниот крај на земјата постоеше големо поле. Една различна заедница на луѓе живееја во полето. Тие немаа религија, но работеа напорно едни за други. Тие беа сурови војници и мажите беа доминантниот пол. Жените беа почитувани, но тие не можеа да прераснат во лидери.

Луѓето кои живееа шумата немаа ништо со луѓето од полето. Тие се мразеа и беа сурови едни кон други. Понекогаш имаше и војни помеѓу нив.

Еден ден, еден млад човек пристигна на работ од шумата. Тој објави дека сака да изгради училиште таму, така што децата и од двете заедници би можеле да се школуваат заедно, па може конечно и мирот да дојде помеѓу двата народа.

Набрзо, беше подготвена една едноставна дрвена зграда и дојде денот кога наставникот го отвори училиштето за прв пат. По неколку деца од двете заедници дојдоа да видат како ќе биде. Родителите и лидерите на двете заедници вознемирено набљудуваа.

Прво, постоеја проблеми помеѓу децата. Тие често се нарекуваа со погрдни имиња и затоа често имаше тепачки. Но, децата можеа да ја видат вредноста од доаѓањето на училиште и постапно, работите започнаа да се доведуваат во ред. Наставникот беше строг, но праведен и кон сите негови ученици се однесуваше подеднакво. Тој велеше дека ги почитува и двата начина на живот и децата беа поучувани за нивните различни начини на живот.

Сî повеќе и повеќе ученици почнаа да го посетуваат училиштето на работ од шумата.

Како и да е, многу набрзо стана јасно дека повеќе деца од полето го посетуваа училиштето. Децата од шумата беа само една четвртина од вкупниот број на ученици во училиштето. Наставникот зборуваше со родителите од двете страни за да ги охрабри и да ги убеди.

Но, потоа, едно утро, наставникот пристигна и откри дека некој го изгорел училиштето до темел.

(Засновано врз приказната на Тед Хадлстон (Ted Huddleston) од Фондацијата за граѓанство)