Час/Лекција 4: Матрица на моќта

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 4: Матрица на моќта

Малцинства и мнозинства во нашата земја

Цели на учењето Во пленарна дискусија, учениците осознаваат дека постојат неколку малцински групи како и мнозински групи во нивната земја. Разбираат дека чувството на исклученост може да биде резултат не само на тоа како останатите членови на општеството ги гледаат, но исто и од тоа како членовите на сопствената група гледаат на нив.
Задачи на учениците На учениците им се претставени разни картички кои ги покажуваат групите во општеството- со тоа што некои групи припаѓаат на малцинството, а некои на мнозинството. Ги сортираат картичките според тоа што мислат која група припаѓа на малцинство или мнозинство. Доделуваат картички на “моќ”(голема или мала моќ) на групите. Во пленарната сесија, тие дискутираат кој ефект припаѓањето на малцинство или мнозинство може да го има.
Ресурси Картички со зборови, картички за искажување на “моќ”.
Методи Пленарна дискусија.

Опис на часот

Учениците седат во круг. Треба да има доволно простор во средината за сите да можат да гледаат.

Наставникот на средината на кругот, на подот, става сет од картички со зборови на кои ги има различните имиња на различни групи во општеството.  Некои од групите треба да припаѓаат на малцинствата, а некои на мнозинството. Треба да се внимава на фактот дека не сите малцински групи имаат мала моќ во општеството!

Примери:

  • Деца;
  • Луѓе со инвалидитет;
  • Политичари;
  • Луѓе со различна боја на кожа;
  • Панкери;
  • Скејтери;
  • Многу религиозни луѓе кои ја искажуваат својата религија облекувајќи се различно;
  • Свештеници и калуѓерки;
  • Малцинства специфични за одредена земја како Еѓупци, Синти, Ашкали, итн.;
  • Менаџери;
  • Работници;
  • Домаќинки;
  • Доктори;
  • Мажи;
  • Жени.

Учениците треба да ги разгледаат разните картички. Потоа секој од нив треба да земе картичка и, без да каже нешто, да ја сортира според тоа што мисли дали групата напишана на картичката е малцинство или мнозинство. Ова треба да е првиот чекор во започнувањето на “матрицата на моќта”. Само по еден ученик треба да станува и да зема картичка.

Како втор чекор, матрицата ќе продолжи да се оформува со продавање на картички на “моќ” на различни малцинства и мнозинства. Она што ќе биде интересно за учениците е откритието дека и малцинствата може да бидат доста моќни во едно општество.

Пример за матрица:

Моќ Малцинства мнозинства
Многу голема моќ
Голема моќ
Средна моќ
Малку моќ
Без моќ

Откако матрицата ќе биде комплетирана, учениците ги дискутираат ефектите кои различните нивоа на моќ може да ги имаат. Задача на наставникот е да ја води дискусијата и да ги земе предвид претходните ставови или одредените мислења доста чувствително.