Вежба 7.9. – Политички циклус

Living Democracy » Textbooks » Вежба 7.9. – Политички циклус
Образовни цели Учениците се способни да го применат моделот на политичкиот циклус на примерите за процес на политичко одлучување.
Учениците стануваат свесни за нивните можности за интервенција и учество во процесите на одлучување.
Ресурси Материјали за ученици: „Моделот на политички циклус“.
Хартија, маркери, ножици, лепило.

Процедура

    • Наставникот го претставува моделот на политички циклус, користејќи еден од следните пристапи:
      Наставникот го применува дедуктивниот, систематски пристап: тој/таа прави предавање8 и учениците ја применуваат алатката која ја добиваат.
    • Наставникот го применува индуктивниот пристап: тој/таа почнува со пример или посочува на знаењето и искуството кое учениците веќе го имаат. Ова може да е актуелен проблем, одлука која ја поддржуваат или не или проблем за кој се грижат. Одлуката во училиште може да биде почетна точка. Наставникот продолжува со предавање, внимавајќи  на контекстот кој го даваат учениците.
      Кој пристап и да се искористи, учениците добиваат примерок од материјалот „Модел на политички циклус“.
  1. Учениците го применуваат моделот. Може да се дадат различни задачи:
    • Учениците го користат моделот како алатка за активно и структурно читање на весникот. Со работа во групи од 4-6 ученика, тие го проучуваат весникот од предходните денови и забележуваат примери за секоја од шесте фази. Тие ги залепуваат написите на нивните постери и ги презентираат во пленарната рунда.
    • Учениците следат некој процес на одлучување за одреден проблем. За ова може да е потребен материјал кој покрива поголем временски период и затоа постарите весници се исто така корисни. Книгите и интернетот можат да бидат важни извори. Оваа вежба може да се развие во истражувачки проект.
  2. Овој модел може да служи како почетна точка за дискусија: во кои фази на процесот на одлучување можеме да интервенираме? Наставникот треба да објасни дека двете фази “одлука“ и „имплементација“ се зависни од политичкиот систем (освен ако одлуката се направи со народно гласање). Но граѓаните можат да интервенираат во другите фази.

Материјали

Моделот на политички циклус: Политиката како процес на решавање проблеми

V6_P76_MACED

 

Моделот на политички циклус: основна информација за наставници

Политичкиот циклус е модел. Тој функционира како мапа, што значи дека одбира некои аспекти од реалноста, а отфрла други. На овој начин сликата станува јасна, но корисникот не треба никогаш да го замени моделот со реалноста. Во овој случај, моделот се концентрира на политиката како процес за одлучување и решавање на проблеми. Неговиот фокус не е на политиката како борба за моќ, иако овој аспект се појавува. Шесте категории водат до клучните прашања кои помагаат при анализа на политичкото одлучување: учениците треба да постават понатамошни прашања кои се поврзани со контекстот.

Моделот ни дава идеален тип на опис на процесот на политичко одлучување. Прво, политичкиот проблем мора да влезе во јавната агенда. Проблемот со создавањето на агенда е доста поврзан со политичката моќ. Проблемите не постојат како такви; тие мора да се одредат и прифатат. Конкурентните интереси и вредностите играат важна улога, бидејќи одредувањето на проблемот силно влијае на резултатот на одлуката. На пример, сиромаштијата може да се дефинира како напад на човековите права или како мотивација за луѓето сами да си ја кројат судбината. Првиот поглед значи дека на сиромашните луѓе им е потребна поддршка, додека пак вториот поглед препорачува да не им се помага на сиромашните многу, бидејќи со тоа ќе станат мрзливи. Клучниот проблем со правењето на агенда е прикажано од двојните стрелки меѓу категориите проблем и дебата.

Дебатата се одвива во одредени услови. Овде е битна рамката на моделот: социјалниот, економскиот и интернационалниот развој ги одредуваат податоците. А уставните и правните норми ги одредуваат правилата. Кој може да учествува во дебатата? Кој го одлучува тоа? Овие прашања помагаат да се разбере резултатот од дебатата, крајната одлука. Кој учествуваше во дебатата? Кои интереси беа во прашање? За што требаше да се преговара? Дали беше возможно да се најде компромис?

Имплементација: Како се имплементира/ше одлуката? Дали произлегоа потешкотии или конфликти? Дали имплементацијата ги исполнува намерите на тие што одлучиле?

Мислења: Како „падна“ одлуката? Чии интереси беа засегнати  – поволно или неповолно? Кои вредности беа вклучени?

Реакции: Дали имаше реакции од поединци и/или колектив, организирани реакции од групи? Дали ја поддржуваат или отфрлаат одлуката? Пример може да се протести, демонстрации, писма до уредници на весник, одлуки од суд, штрајкови, емиграција, повлекување на инвеститори, кршење на законот, итн.

Проблем: Дали на крајот се реши основниот проблем? Дали се создадоа некои несакани или непредвидени ефекти? Дали произлезе нов проблем од реакциите на одлуката и имплементацијата? Политичкиот циклус завршува ако се решил проблемот. Многу често почнува нов циклус со нов последователен или непредвиден проблем.

Учениците треба да разберат дека политичкиот циклус покажува како и каде можат граѓаните да учествуваат во политиката. Ние можеме да ја дадеме нашата дефиниција за проблемите кои заслужуваат политичко внимание и бараат јавни ресурси за нивното решавање. Ние можеме да учествуваме во дебатата, да го формираме нашето мислење за одлуката и да го поддржиме или осудиме начинот на кој таа се имплементира. Со тоа, ние ги практикуваме нашите човекови и граѓански права. Демократијата зависи од активните демократи.

8. Видете „Основна информација за наставници“ (во делот за материјали за оваа вежба).