2.1 Задача

Living Democracy » Textbooks » 2.1 Задача

Формулирањето на наставни цели и цели на учење претставува едно од основните решенија во предавањето. Покрај горе наведените точки важно е наставникот предвидените наставни цели и целите на учење да ги стави во однос со предусловите и условите на учење на учениците и каде што е потребно да направи прилагодувања (види исто и наставна тема 1, услови на учење и поучување).

Кога целите се конкретизирани, мора да се интегрираат содржинските аспекти. Дури откако ќе се појасни до кој степен и која длабочина треба да се разработат и обработат содржините и кои компетенции треба да се стекнат, на крајот можат да се формулираат наставните цели.

Работата на поединечните содржински аспекти на наставата често е тешка и бара многу време. Со тоа поврзаните задачи за планирање може на прв поглед да изгледаат едноставно, бидејќи наставните планови по правило прават јасни норми и многу наставни медиуми содржат детални предлози. Главната задача во секој случај им се препушта на самите наставници: Тие мора добро да ја познаваат целата област на знаење која сакаат да ја предаваат, да ја структурираат, да разработат едно опсежно разбирање за тоа, темелно да го анализираат и критички да оценуваат, понатаму да носат свесни решенија во врска со изборот на теми и цели и соодветни материјали за учење. Како последно, но не помалку важно, мора да ги рефлектираат нивните одлуки под набљудување на поголеми контексти и да ја проверат дидактичка вредност на избраните теми и материјали.

Следните клучни прашања и приклучни прашања за самоконтрола можат на наставниците да им служат како начело и да ги поддржат во покомплексните задачи во однос на изборот и подготовката на наставни теми. Ние предлагаме расправата со клучните прашања и работните досиеја да се започне во тим со другите наставници, евентуално и со учениците.