Метод 15: Организирање и изведување на дебати

Living Democracy » Textbooks » Метод 15: Организирање и изведување на дебати

Една дебата може да ни го привлече внимание на различни мислења на една тема и да добиеме подобра претстава за предностите и недостатоците на контроверзни (спорни или комплексни) теми. За дебата е потребно контроверзно прашање на кое се возможни различни ставови и одговори. Во една демократија секогаш има повеќе од само едно решение или мислење.

Две мислења – една дебата

Совети за организацијата:

  • Поделете го одделението на две групи. Едната група е за спорната тема (про-група), другата е против (контра-група).
  • Двете групи бараат можни аргументи (образложенија) кои го поддржуваат нивниот став и аргументи против ставот на другата група. Истовремено групите веќе можат да размислуваат со кои аргументи другите ќе нападнат за да се подготват за дебатата. Време за подготовка во групата: околу 10-20 минути.
  • Секоја група ги запишува со клучни зборови нејзините аргументи.
  • Секоја група одредува два говорника.
  • Дебатата има три дела: воведна рунда, суштинска дебата и завршна рунда.
    → Воведна рунда: Секоја група кратко ги објаснува нејзините главни аргументи. Про-групата и контра-групата се менуваат при зборувањето. Време: по околу 4 минути.
    → Дебата: Говорниците на групата ги објаснуваат и образложуваат нивните аргументи и се обидуваат да ги побијат аргументите на спротивната страна. време: околу 10 минути по група.
    → Завршна рунда: Оваа рунда е исто така структурирана како и воведната рунда. На крајот сите имаат можност да го кажат нивното мислење. Време: околу 5 минути заедно.

Набљудувач на времето

Одредете некого од одделението кој ќе биде надлежен за придржување на тајмингот за време на дебатата.

  • Воведната рунда не треба да трае подолго од осум минути (со тоа секоја група добива четири минути време за зборување).
  • Суштинската дебата не треба да трае подолго од 20 минути.
  • Завршната рунда не треба да трае подолго од 30 или 45 секунди зборување без прекин (претходно да се договори!). Доколку некој го надмине времето за зборување, интервенира набљудувачот на времето.

Набљудувачи

Учениците кои не се активни како говорници ја набљудуваат дебатата. На крајот на дебатата тие кажуваат што ним им остави впечаток и тоа со помош на следните критериуми:

  • Кои аргументи беа наведени?
  • Кој што сакаше да наметне, со кои средства и стратегии или тактики?
  • Дали секој говорник можеше слободно да зборува или некој беше прекинат?
  • Како различните говорници се обидоа да ја посредуваат нивната порака?
  • Кои аргументи убедија; зошто?
  • Кои аргументи не убедија/беа неверодостојни; зошто?
  • Кои примери за добри аргументи беа изнесени?
  • Како говорниците зборуваа (употребуваа ли исто и говор на телото (мимика, гестика), различна јачина на гласот и интонации)?
  • Кои зборови беа често употребувани?