Час 1: Што сакам

Living Democracy » Textbooks » Час 1: Што сакам

Јас сум машко/јас сум женско и она што го сакам и правам е во ред

Цели на учењето Учениците ги откриваат своите и знаењата и способностите на другите. Стануваат свесни за ефектите од половите стереотипи.
Задачи на учениците Учениците ги запишуваат своите карактеристики и однесувањето во четири категории. Ги разменуваат одговорите со своите ученици и ги дискутираат истите.
Ресурси Хартија и моливи, копии од материјалите (табела “сакам и не сакам”).
Методи Индивидуална и групна работа, пленарна дискусија.

Опис на часот

Наставникот ја презентира темата со поставување на прашања како што се „Какви активности сакаш да правиш?”,  „Какви активности не сакаш да правиш?”,  „Какви активности прават девојчињата?” и  „Какви активности прават момчињата?” Наставникот ги чека учениците да размислат за своите одговори и потоа ги прашува за тие да одговорат.

Како втор чекор, наставникот им дава на учениците копија од материјалите, моливи и пенкала. Учениците треба да ја свиткаат копијата од материјалот на половина, и да го користат само тој момент. Потоа наставникот им ги дава следните инструкции:

  • Напиши дали си момче или девојче.
  • Напиши пет работи кои сакаш да ги правиш.
  • Напиши пет работи кои не сакаш да ги правиш.
  • Напиши пет работи кои не сакаш да ги правиш и кои не ги правиш.
  • Напиши пет работи кои не ги правиш, а би сакал да ги правиш.

До секоја активност која ја напиша означи дали е во ред твојот пол тоа да го прави (ако си машко дали е во ред тоа да го прави машко, а ако си женско дали е во ред тоа да го прави женско)

Кога учениците ќе завршат, наставникот им кажува да одат низ училницата и да ги разменат своите одговори со други пет ученици. Нивните одговори треба да ги забележат на долниот дел од страната.

Наставникот им вели на учениците да се соберат и да седнат во круг. Потоа започнува пленарната дискусија, користејќи ги следните прашања како упатства:

  • Што мислиш за одговорите на твоите соученици? Дали беше изненаден/а?
  • Кои се работите кои само ти можеш да ги правиш?
  • Кои од работите што ги прават твоите соученици најмногу ти оставија впечаток?
  • Дали има некои исти заеднички идеи во работите кои ученицте сакаат да ги прават, ама не ги прават?
  • Што ќе се случи ако женско направи машка работа? Или ако машко направи женска работа?
  • Како членовите на твоето семејство би ги одговориле овие прашања?
  • Зошто одговараме на начинот на којшто одговараме? Зошто мислиме дека некои работи треба да ги прават само женски, а некои само машки?

Како последен чекор поврзете ги прашањата со концептите на ОДГ/ОЧП:

  • Што ќе се случи ако некој не знае за работите кои сакаш да ги правиш и ги правиш?
  • Што ќе се случи ако некој не знае за работите што не сакаш да ги правиш, а ги правиш?
  • Кој одлучува што можат да прават женските, а што можат да прават машките?
  • Што ќе се случи ако работите што можат да ги прават машките и женските се ограничени?
  • Дали мислиш дека улогите ќе останат какви што се? Дали секогаш било така?

Дополнително: Часот може да продолжи со фокусирање на прашањето што е тоа што учениците не го прават, а сакаат да го прават. Наставникот се обидува да најде решение заедно со учениците за тоа како овие работи можат да бидат направени во училишен контекст.