2 – Работно досие 7: Да се создаде демократска атмосфера во одделението

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 7: Да се создаде демократска атмосфера во одделението

Одлуката за демократска организација на одделението е висока цел. Следната табела покажува чекори до нејзиното постигнување во различни временски димензии (од краткорочно до долгорочно). Се ориентира по следините прашања:

  1. Каде се наоѓам јас во однос на кои аспекти?
  2. Кој аспект да го изберам за утре, следната недела, следната година?
  3. Како јас како наставник да се однесувам за моето училиште да профитира од мојот напредок во учењето?
Краткорочни цели Среднорочни цели Долгорочни цели
Наставникот ја редуцира употребата на авторитативни формулирања Наставникот развива навика да се изразува ориентирано кон дијалог Обострано разбирање помеѓу учениците и наставникот
Наставникот дава причини за неговиот избор на теми и наставни средства Наставникот нуди алтернативни теми и наставни средства Лекциите се планираат заедно од страна на учениците и наставникот
Наставникот им ги објаснува на учениците целите на учење Наставникот им претставува на учениците алтернативни цели на учење Целите на учење се избираат заедно од учениците и наставникот
Наставникот го образложува неговиот избор на наставни методи Наставникот претставува алтернативни наставни методи Наставните методи се одредуваат заеднички од учениците и наставникот
Наставникот ги образложува неговите корекции на постигнувањата на учениците Наставникот ја објаснува проблематиката на корегирањето и со одделението разработува критериуми за одредени поводи за оценување Учениците делумно сами ги оценуваат нивните постигнувања
Наставникот воведува демократски правила на игра за решавање на конфликти Наставникот како авторитетно лице при решавањето на конфликти се повлекува назад Решавање на конфликти преку соработка и комуникација
Наставникот ги објаснува начелата на организацијата на работата во одделението Предлозите на учениците се земаат предвид и се применуваат Учениците се вклучуваат во одлучувањето како да се подели работата во одделението