7. Одржување на изложби

Living Democracy » Textbooks » 7. Одржување на изложби

Изложбите им овозможуваат на група ученици да ја презентираат својата работа со цел другите (соучениците или гостите кои ќе бидат поканети) да видат што тие сработиле како група.  Следната листа за проверка може да ви помогне да ја испланирате и одржите изложбата.

Листа за проверка

1. Што сакаме да покажеме?

  • Која е главната порака која сакаме да ја пренесеме со изложбата?
  • Кој би можел да биде насловот на нашата изложба?

2. Која ни е публиката?

  • Деца и наставници од нашето училиште?
  • Родители и врсници?
  • Клиенти од туристичка агенција?

3. Каде ќе се одржи изложбата?

  • Во училницата или на друго место во училиштето?
  • На јавно место (во општинската зграда, на пример)?
  • Дали ќе има доволно простор и светлина?
  • Дали ќе ја имаме потребната инфраструктура?

4. Како да направиме незаборавна изложба?

  • Дали ќе дозволуваме да се допрат моделите и предметите?
  • Дали ќе дозволиме во собата да се игра, да се испробуваат нешта, да се набљудува, или да се експериментира?
  • Дали ќе пуштаме музика или ние ќе свириме?
  • Дали ќе има закуски?
  • Дали ќе има организирано гледање низ изложбата?
  • Дали ќе направиме промотивен материјал за изложбата кој ќе послужи како водич за истата?
  • Дали ќе направиме натпревар или квиз?

5. Кој треба претходно да се информира?

  • Наставниците во нашето училиште?
  • Мензата, вработените за одржување и секторот за поддршка?
  • Членовите на училишниот одбор?
  • Директорот?
  • Експерти кои можат да ни помогнат?
  • Гости?

6. Што треба ние да направиме?

  • Да направиме лична листа за проверка;
  • Да направиме листа на материјали;
  • Да направиме план за времето (кој до кога што треба да заврши);
  • Да знаеме со колку пари располагаме и колку е веќе потрошено;
  • Да направиме промотивен материјал или покана;
  • Да ги информираме локалните весници;

7. Како ќе биде оценета изложбата?

  • Кои се најважните критериуми?
  • Кој ќе ја оценува изложбата (наставниците, соучениците, гостите)?