1. Вовед

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед

Уште при планирањето на наставата наставниците не треба само да се ориентираат на наставните цели или на наставниот план, туку да имаат што е можно поточна претстава за предусловите и потребите на учење на целото одделение, како и на поединечните ученици. Важно е учениците да се познаваат и да се разбираат со сите нивни особини и разлики: целата палета на нивните вештини и способности, нивните слаби и јаки страни, нивните погледи, ставови и интереси. Сето тоа мора да се земе во предвид при изборот на поставувањето на целите и темите и да се влијае на нив.

Со идентификувањето на условите за учење завршен е првиот дел на прелиминарното појаснување. Во натамошниот тек на планирањето сепак мора да се земат предвид и општите услови под кои се одржува наставата. И на крајот наставниците треба да се сетат и на нивните сопствени професионални компетенции кои претставуваат важен ресурс за квалитативно високо поставено планирање.

Почетокот на оваа наставна тема гради една редица од опширни клучни прашања за условите на поучување/учење. На крајот се наоѓа работно досие кое по потреба може да биде употребено за поддршка на специфичните аспекти и делови од темите.