Материјал за учениците 1.1: (Втора група) Играње на улоги

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 1.1: (Втора група) Играње на улоги

Договорете се и одберете еден претставник од вашата група кој гласно ќе го прочита краткиот извадок од дневникот и задачата за вашата група.

Назначете друг член од вашата група кој ќе ги бележи вашите резултати и ќе ги презентира пред одделението.

Извадок од дневникот на Макс:

„Пред нашата училишна зграда, има голем фудбалски терен. Јас бев многу среќен поради тоа, бидејќи мене ми се допаѓа играњето фудбал. Па, ја понесов со себе топката и сакав да почнам со тренирање. Само што започнав да шутирам на голот, кога директорот на училиштето ме запре. Тој беше многу лут и ме праша дали знам да читам. Јас не го видов знакот кој велеше дека теренот се затвора, ако претходно врнело дожд. Јас бев шокиран и си отидов дома без да кажам збор.“

Задачи:

  1. Соберете листа на епитети за кои мислите дека соучениците на Макс би ги искористиле за неговото опишување („бура на идеи“ во вашата група).
  2. Што мислите, што би кажал некој соученик на Макс на останатите соученици за него? Извежбајте кратка сцена која ќе можете да ја одглумите пред одделението.