Материјал за учениците 6.2: Дилемата на Шмит

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 6.2: Дилемата на Шмит

Единствената ќерка на Шмит е многу болна. Нејзе ѝ е потребна една итна операција, но единствените лекари, во таа област, кои можат да го сторат тоа бараат пари пред за започнат нечие лекување. Шмит не знае што да прави. Тој и неговата сопруга имаа малку заштеда, која се надеваа дека ќе им помогне при купувањето на мал дуќан. Тие со задоволство би ги дале сите пари за да ја спасат нивната ќерка, но тоа не е ни приближно доволно.

Шмит ги моли докторите да ја направат операцијата за помалку, но тие велат дека не можат да го сторат тоа, затоа што би било неправедно за сите други кои треба да ја платат целосната сума. Шмит го замоли неговото семејство и неговите пријатели да му позајмат пари, но тој собра само уште малку. А цело време, ќерката на Шмит стануваше сé послаба и послаба.

Во очај, Шмит размислува да украде остаток од парите за да го спаси животот на неговата ќерка.