1. Вовед

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед

Наставниците кои предаваат ОДГ/ОЧП иако толку перфектно ги испланирале и подготвиле нивните лекции, доколку заборавиле да ги земат предвид вештините на учениците и одредени работни техники, може нешто да тргне наопаку. Ова може да му се случи и на најдобриот и најискусниот наставник. Една лекција функционира добро само доколку учениците поседуваат одреден репертоар на методи и стратегии т.е. техники на учење и истите можат да ги употребат.

Врз основа на нашето искуство со програмата на ОДГ/ОЧП за наставници во цела Европа ние одлучивме да присвоиме соодветен методски пакет во оваа книга. Оваа збирка на упатства, стратегии, работни листови, инструменти, чек-листи може да послужи и како еден вид на база на податоци, која учениците самостојно можат да ја искористат доколку не познаваат една одредена метода или техника.

Кога и како која метода или стратегија се воведува и применува одредува наставникот. Тој исто така мора да одлучи дали методскиот пакет – после едно темелно воведување – треба во секое време да е достапен и лесно пристапен или ќе се применува за домашна работа.

Следниот сет од методи и стратегии т.е. техники на учење може учениците да ги поддржи во низа активности, на пр.:

  • собирање и барање на информации;
  • подредување на информации;
  • креативно работење;
  • презентирање;
  • соработување со соучениците.

Секоја метода т.е. стратегија започнува на нова страна. Методите можат да се употребуваат и применуваат самостојно од учениците (сами, по двајца или во мали групи).