Материјали за наставници 3B: Предлози за продолженија и дополнувања

Living Democracy » Textbooks » Материјали за наставници 3B: Предлози за продолженија и дополнувања

1. Како партиите размислуваат за поделбите во општеството?

Материјал за ученици 3.5 и дискусија

  • Какви поделби постојат во нашето општество?
  • Како партиите во нашата земја размислуваат за овие поделби?
  • Кои одлуки и компромиси се прават?

2. Плурализам

  • Кои групи на интерес и невладини организации се присутни во политиката?
  • Кои интереси се добро организирани? А кои не се?

3. Компромис

Во демократиите плурализмот ја создава потребата за компромис. Постојат различни погледи за ова:

  1. Од перспектива на индивидуалниот играч: компромисот е цената што се плаќа за моќта. Добрите идеи се одбиваат заменувајќи ги со второто најдобро решение.
  2. Од општа перспектива: плурализмот создава конкуренција: играчите меѓусебно се држат во контрола за никој од нив да не стане премногу моќен. Плурализмот во општеството ја има истата функција како штоподелбата на власта(checks and balances)се содржи во уставот.
  3. Гледано од резултатската перспектива: плурализмот ја создава потребата да се прави компромис. Одлуките кои одат во екстреми се ретки. Ова е во корист на социјалната кохезија.
  • Кој од овие погледи се совпаѓаат со ситуацијата во вашата земја преку проверка како на пр. истражување?

4. Споредба на демократијата со диктаторството

Материјал за ученици 3.4

  • Како демократските и диктаторските системи се справуваат со различни интереси и погледи?
  • Кои одлуки се донесуваат? (Критериуми за споредба: вклучување на интереси, ефикасност, искажување на критика, улога на медиумите.)

5. Двете димензии на политиката

Макс Вебер13

  1. „Политиката може да се спореди со бавно и силно продупчување дупки во дебели штици, со страст и правилно расудување.“
  2. „Оној кој е активен во политиката се стреми кон моќ“
  • Како ги искусивме двете димензии на политиката во оваа тема?
  • Како политичките актери ги балансираат овие две димензии во нашата земја?

13. Макс Вебер, „Политиката како вокација“, страни 2, 34 (www.sscnet.ucla.edu/polisci/ethos/Weber-vocation.pdf); цитатите се уредени од авторот.