ТЕМА 9: Влада и политика

Living Democracy » Textbooks » ТЕМА 9: Влада и политика

 Како би требало да се владее со општеството?

ID_5599

Политиката е процес со кој општеството, со луѓе со различни мислења и интереси, постигнува колективни одлуки за начинот на кој нивните животи треба заедно да се организираат. Тоа вклучува убедување и преговарање, и некој вид на механизам за постигнување на финална одлука, како што е гласањето. Истовремено вклучува моќ и авторитет и елемент на принуда – само да се обезбеди дека колективните одлуки се обврзувачки на групата како целина.

Политиката е дефинирана, според тоа, со термини на институциите на држава и односите помеѓу државата и нејзините граѓани. Оваа релација зазема различни форми под различни типови на политички систем, на пример, монархии, демократии и тоталитарни режими.

Во демократијата, граѓаните уживаат политичка еднаквост. Колективните одлуки се носат преку некоја форма на мнозинско гласање од самите граѓани или од нивните избрани претставници. Но, демократската политика не е само гласање. Таа е, исто така, дискусија и дебата и можности за граѓаните да направат нивните гласови да бидат слушнати, особено за прашања од јавно значење.

Важно прашање во демократија е правилната функција на институциите на државата и соодветните обврски на граѓаните. Друго прашање е степенот до кој индивидуалните институции во демократијата треба да бидат демократски управувани (училиштата, на пример).

Учење за образование за демократско граѓанство и човекови права

Преку овие серии на часови учениците ќе:

  • Развијат разбирање за различните форми на владеење и нивните импликации врз граѓаните;
  • Поголемо разбирање на одговорностите и функциите на владата и соодветните обврски на граѓаните;
  • Бидат повеќе запознаени со демократските процеси;
  • Разберат повеќе за политичкиот систем во својата земја.

 

Читателот ќе забележи дека во следните наставни планови, се препорачува домашната работа, која ќе го поддржува учењето и разбирањето на учениците. Идеално, следните часови треба да започнат со инпут од учениците. Ова одзема време и често дава поттик за прашања на час, покажувајќи ја потребата за повторување или објаснување, или пак спонтано започнување на дискусиите. На наставникот е да одлучи дали има време за дополнителни часови,за темата, кои ќе бидат во интерес на учениците и за нивно учење. Очигледно, постојат граници за проширување на темата, па затоа потребни се алтернативи. Ако временскиот простор е ограничен, наставникот може да собере дел или сите напишани домашни задачи и да даде повратен одговор или некогаш да ја оцени работата на учениците. Учениците, исто така, можат доброволно да ја предадат нивната работа. Конечно, домашната работа може да служи како повторување или подготовка за тест. Наставникот како принципиелна работа, секогаш треба да ја земе предвид, функцијата на домашната работа и да реши дали да го интегрира во неа сопствениот план на часовите, и доколку го интегрира, како. Пример од овој вид планирање се дискутира во описот на четвртиот час.

Тема 9: Влада и политика

Како би требало да се владее со општеството?

Наслов на часот Цели на учењето Задачи за учениците Материјали Метод

Час 1:

Кој е одговорен?

Учениците учат за различните форми на владеење, на пр. демократија и диктаторство. Учениците размислуваат за праведноста на системот на владеење во некое место, во замислено општество. Копии од материјалот за учениците 9.1. за секој ученик, хартија и пенкало. Приказна, работа во парови, одделенска дискусија, формална дебата.

Час 2:

Ако ти беше претседателот

Учениците можат да ги објаснат функциите и одговорностите на владеење. Учениците замислуваат дека формираат влада и треба да решат како да се потрошат владините пари. Тие размислуваат за видовите на социјални идеали кои сакаат да ги постигнат. Големо парче хартија, маркери и ливчиња за секоја група од 4-6 ученици. Постери, презентации, мала групна работа и дискусија во одделението.

Час 3:

Јас и мојата улога

Учениците учат за должностите на граѓаните во демократското општество. Учениците размислуваат за видовите на обврски кои ги имаат граѓаните и како тие можат да бидат охрабрени посериозно да ги прифатат нивните обврски. Сет од картички за дискусија (материјал за учениците 9.2.) големо парче хартија и маркери за секоја група од 4-6 ученици.

 

Презентации, мала групна работа и дискусија во одделението.

Час 4:

Ученички парламент

Учениците можат да ги дефинираат критериумите во однос на тоа како треба да се владее со училиштето и улогата на ученичките тела во овој процес. Учениците размислуваат како би работел нивниот идеален ученички парламент. Прашалник за секој ученик (материјал за учениците 9.3.) големо парче хартија и маркери за секоја група од 4-6 ученици. Презентации, индивидуална, мала групна работа и дискусија во одделението.