Час/Лекција 3: Анкета: што знаат и мислат луѓето околу нас

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 3: Анкета: што знаат и мислат луѓето околу нас

Учениците прават мала анкета за човековите права

Цели на учењето Учениците го продлабочуваат своето знаење со интервјуирање на возрасни за нивните ставови и нивното познавање на човековите права. Забележуваат колку индивидуалните човекови права можат да бидат различно вреднувани.
Задачи на учениците Учениците припремаат анкета и вежбаат како ќе ја спроведат во училницата. Самата анкета треба да биде направена како домашна задача за време на наредната недела.
Ресурси Работни материјали, хартија, пенкала и моливи.
Методи Анкети во групи.

Опис на часот

Класот сега има листа на човекови права (која намерно не е комплетна листа). Од таа листа станува очигледно дека и без познавање на концептот на човекови права, сите знаат дека луѓето имаат потреби и тие потреби се многу слични со правата претставени во текстовите од Универзалната декларација на човекови права. Со осознавање на тоа, учениците делумно ја реконструираат историјата на човекови права, кои сепак, не се направени по случаен избор во изолација, туку се развиени од идејата дека сите луѓе имаат основни права кои никој не смее да им ги одземе.

На третиот и четвртиот час, учениците треба да направат кратка анкета. Во својата локална заедница, треба да се обидат да најдат што асоцира на човекови права, како човековите права се оценети и кое ниво за разбирање на основните човекови права го имаат луѓето.

Учениците треба да направат, спроведат и оценат кратка анкета,  со цел да разберат како човековите права се присутни во нивната непосредна близина. Наставникот им дава работен материјал на кој може да ги запишат одговорите според одредени категории: лични ставови кон човековите права, познавање на човековите права, моменталната состојба на човековите права во нивната земја. Учениците треба да анкетираат возрасни (роднини, пријатели, соседи, случајни минувачи) и да ги поставуваат следните прашања:

  • Дали мислиш дека е важно човековите права да се воведат во целиот свет? Ако да, зошто? Ако не, зошто?
  • Кои правила треба да се заштитат најмногу низ светот?
  • Кој е одговорен за тоа да се спроведе?
  • Кои права треба најмногу да се заштитат во нашата земја?
  • Кој е одговорен за тоа да се спроведе?

Учениците треба да се внимателни да не осудуваат без разлика дали ставовите кои се изнесени се правилни. Тие треба само да ги запишат одговорите.

Ситуациите на интервјуа не се лесни и можеби ќе биде покорисно тие да се симулираат во училницата. Мала група ученици треба да бидат интервјуирани, а двајца ученици треба да бидат случајни минувачи. Интервјуата со роднините и пријателите исто така би требало да се извежбаат. Важно е учениците да не заборават да се претстават и да ја објаснат целта на интервјуто. За време на вежбањето на интервјуата, другите ученици треба да гледаат и да даваат конструктивни забелешки. На тој начин сите учат.

Прашања за кои треба да се размислува:

  • Како се запишуваат забелешките?
  • Каква е поделеноста на улоги во групата која интервјуира?
  • Како ќе се претстават резултатите на следниот час?

Наставникот им дава една недела на учениците за да ги спроведат интервјуата. Најобро е ако интервјуата се спроведат во мали групи.