2 – Работно досие 15: Учество на различни групи на интерес во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во едно училиште

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 15: Учество на различни групи на интерес во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во едно училиште

Кога едно училиште се решава за спроведување на самоевалвација, потребно е тој процес да биде внимателно организиран. Наједноставно е секако одговорноста за управување и логистиката на целиот процес да се наоѓа кај едно лице, кое е поддржано од еден тим за евалвација. Најчесто тоа е раководителот или друго лице одредено за оваа задача. Тоа би требало да биде свесно дека раководењето на евалвацијата бара голема мера на координација, интеграција и поддршка и дека лошо се поднесува со top-down стилот на раководење. Како што е веќе споменато во директивите за самоевалвација на училиштата, (работно досие 14) би требало да се внимава особено на тоа процесот да не се попречува со тоа што наставниците или учениците ќе бидат заплашени со механизми на контрола и моќ. Затоа мора да се избере пристап кој ќе се залага за партиципација и соработка (спореди Совет на Европа, Демократскообликување на училиштата во теорија и пракса, 2008; линк во работно досие 12).

Долунаведените препораки набројуваат важни аспекти на кои треба да се обрне внимание при земањето предвид на различните групи на интерес.

Составување на тим за евалвација

Еден тим за евалвација би требало да опфаќа седум до девет лица. Можни членови: раководителот на училиштето, еден или два наставника, еден или двајца претставници на учениците, едно стручно лице за советување од училиштето (во некои земји тоа е педагог или училиштен психолог), еден претставник на родителите, еден претставник на јавноста (или на НВО) и еден претставник на Институтот за истражување на образованието или од Педагошкиот факултет. Тимот за евалвација ги има следните задачи:

  • Подготовка на инструментите за евалвација;
  • Воведување на училишниот персонал во техниките на евалвација и примена на инструментите за евалвација во ОДГ/ОЧП;
  • Ставање на располагање на потребните информации и советување на оценувачите и групите на интерес за време на целокупниот процес;
  • Контрола на примената на инструментите за евалвација;
  • Вреднување  и интерпретација на резултатите со интеграција на широк спектар на групи на интерес и надворешни експерти;
  • Подготовка на различни извештаи, пригодни за различните групи на интерес;
  • Прифаќање и анализа на коментари и стимулации кои произлегуваат од групите на интерес.

Важна напомена: По правило мислењата на различните групи на интерес би требало да се соберат и споредат (на пр. со помош на паралелни прашалници). Неопходни во овој контекст се мислењата на учениците во однос на стекнувањето со ОДГ/ОЧП-компетенции како саморефлексија, критичко мислење, одговорност за подобрување и менување. Тимот за евалвација сепак би требало исто така да е свесен дека за делот „посакувани“ треба да бидат дадени очекуваните, наместо ефективните одговори. Оваа опасност  може да се намали со јасно дефинирани методи (групни интервјуа, многу отворено формулирани прашалници, држење во тајност на имињата, дискреција итн.).