Дел 2 – Предавање на демократија и човекови права

Living Democracy » Textbooks » Дел 2 – Предавање на демократија и човекови права

Учениците треба нивните права на учество не само да ги познаваат, туку исто така и да можат да ги користат. Затоа мора да им се понуди можност за вежби во училишното секојдневие така што ќе бидат вклучени во решенијата и ќе учествуваат во креирањето на училишното опкружување. Во тоа секако се вбројува и можноста за изразување на мислењето и тоа како за теми кои го засегаат одделението, така и за прашања во врска со креирањето на наставата и раководењето на училиштето. Оваа форма на поучување и учење секако има потреба од внимателно подготвување. Ова навистина важи за целокупната настава, но е од дополнително значење во образованието за демократско граѓанство и човекови права бидејќи интеграцијата на животното искуство на учениците изградува овде перманентен фокус.

Но што конкретно значи оваа интеграција? Како да се биде сигурен дека сите ученици ќе бидат слушнати? Како можеме како наставник да се погрижиме за тоа на учениците да не им го наметнуваме нашето сопствено мислење?

Како можни решенија предлагаме пет суштински прашања ориентирани кон планирање кои треба да се појаснат:

  • Како изгледаат условите за поучување и учење?
  • Кои цели јас морам да ги формулирам и кои материјали треба да ги изберам?
  • Да се постават содржински тежишта: Кои специфични концепти на политиката треба да се земат во обѕир?
  • Кое разбирање на процесите на учење го имам и кои наставни форми да ги изберам?
  • Како може бенефитот од учењето (во врска со учениците, наставниците и училиштата) да се оценува?

Актуелниот прирачник го поддржува наставникот во тоа, да ги одговори овие основни прашања со што им става на располагање материјали кои по потреба можат да се искористат како помошни средства.