Вежба 8.8. – Претстави за војната и мирот

Living Democracy » Textbooks » Вежба 8.8. – Претстави за војната и мирот
Образовни цели Учениците можат да ги одредат аспектите на војната и мирот.
Учениците развиваат вештини на читање на сликите.
Учениците можат да ги изразат личните идеи и чувства за војната и мирот.
Ресурси Купче од слики (фотографии, цртани, реклами, итн.)

Процедура

  1. Се покажуваат фотографии на учениците. Пожелно е сликите да се закачат на ѕидовите во училницата или во ходникот. Учениците треба да ги гледаат сликите како на изложба.
  2. Учениците ја имаат можноста спонтано да реагираат. Кои слики претставуваат мир или војна? Наставникот не ги присилува да коментираат. На крајот од овој воведен чекор, тој/таа посочува дали учениците се согласни во нивните коментари. Не се дискутира за разликите во перцепциите.
  3. Учениците одбираат фотографија која посебно им е драга. Ако сакаат, тие можат одблиску да ја погледнат. Во тишина, тие писмено ги одговараат следните прашања:
    • Што гледате (опис)?
    • Кои се вашите мисли (размислување и фантазија)?
    • Кои се вашите чувства (емоции)?
  4. Во групи од четири ученици, тие избираат слики и прават парови на контраст. Може да се вклучат некои од сликите кои ги проучуваа во чекорот 3, но може да се користат и други слики.
  5. Учениците ги претставуваат нивните избори во пленарната рунда и ги објаснуваат изборите. Ако снемува време, секоја група треба да претстави најмалку два контрастни парови.
  6. Размислување. Учениците ги изразуваат нивните мисли и чувства. Тие можат да поставуваат прашања за ситуациите на фотографиите, а овие прашања можат да водат кон понатамошно истражување.

Продолжение

Истата тематика може да се работи на часовите по литература и сликање.

Класот организира изложба на темите.