Материјал за учениците 6.3: Работите излегуваат надвор од контрола!

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 6.3: Работите излегуваат надвор од контрола!

Размисли за следното писмо  кое се појави во еден локален весник.

Како група на локални жители, ние сме многу загрижени за бројните проблеми кои изгледа се зголемуваат, бидејќи луѓето не се подготвени да ја преземат одговорноста за нивното сопствено однесување.

Многу кучиња трчаат без контрола. Нивните сопственици или не знаат или не им е грижа за ова. Кучињата го оставаат нивниот измет по улиците, што не само што не е пријатно, туку, исто така, може да биде и опасно по здравјето. Некои кучиња се движат во глутници и се опасни. Тие треба да се чуваат во строга контрола, посебно кога деца играат во нивна близина.

Ние, исто, мислиме дека има премногу ѓубре расфрлено наоколу во градот и на периферијата. Ова е така бидејќи луѓето се премногу мрзливи за да го исфрлат ѓубрето правилно. Тоа е многу грдо, привлекува стаорци и го поттикнува ширењето на болести. Кога луѓето оставаат стари конзерви од боја и хемикалии наоколу, тие можат да стигнат до потоците и реките и да влијаат врз снабдувањето со чиста вода за пиење.

Зошто луѓето не размислуваат повеќе за ефектите од нивните дела? И зошто политичарите не направат повеќе за решавање на овие проблеми?

Искрено Ваши,