Час/Лекција 4: Планираме медиумски производ

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 4: Планираме медиумски производ

Што правиме сега со нашите вештини? Учениците се договараат за тема и план

Цели на учењето Компетенцијата во техничките медиуми која учениците ја совладале треба да биде применета. Учениците одбираат тема и исто така медиумски апарати кои им требаат.
Задачи на учениците Со користење на демократски и партиципативни процеси (во мали групи и на пленарна дискусија) класот одлучува на темата на која ќе работат и кои медиумски апарати ќе ги користат.
Ресурси

Активност  ”мисловна/умна мапа” од табелата за Активности.

Работен материјал: направен за да ги селектира медиумските апарати кои се одбрани за дадената тема.

Методи Групна работа, донесување на одлука во пленарна сесија.

Опис на часот

Заедно со наставникот, учениците одбираат една тема за работа (користејќи ги информациите кои ги научија за ракување со апаратите). Темата може да биде поврзана со ОДГ/ОЧП- на пример, учениците може да одлучат да ги документираат сите игралишта во нивната заедница и да ги набројат сите работи кои им недостасуваат. Тие можат да ја пратат оваа информација до надлежните или да ја објават во локалниот весник. Исто така може да се документира градежно земјиште кое постои подолго време (слики и звук) и да направат интересен извештај. Откако ќе се избере темата, учениците треба да одлучат која медиумска направа ќе ја користат за да ги документираат информациите.

Наставникот претставува план како да се избере тема која на секој ќе му се допадне и ќе се документира со медиумска направа. Ако наставникот сака да ја остави темата отворена, тогаш тој треба да ги собере сите идеи од учениците. Идеите се собираат во мали групи, и групите треба да ги претстават своите идеи во пленарна дискусија. Заедничка листа може да се направи на flipchart-от.

Барањето на тема која на сите ќе им се допадне е сложено, но може да е добар начин да се научи да се прави компромис (наставникот треба да го евалуира овој процес).

Следно, групите ученици треба да развијат прелиминарни идеи од еден вид со користење на активноста “мисловни мапи”. Овие идеи ќе бидат разменети во класот. Ако учениците ја користат алатката “мисловни мапи” за прв пат, наставникот треба да ги објасни чекорите кои се потребни и да даде пример, како следниот, на табла:

  • Напишете ја вашата тема на средина на листот и ставете ја во круг. Користете доволно голем лист хартија.
  • Нацртајте неколку тенки линии кои излегуваат од кругот. На секоја линија, напишете го името на една поттема која е поврзана со главната тема на средината на листот.
  • Од тенките линии, може да повлечете уште неколку линии, со тоа што потенките линии ги претставуваат поткатегориите поврзани со главната тема на средината на листот.
  • Обидете се да пронајдете колку што е можно поразлични термини и подредете ги во соодветните категории. Може да користите различни големини на букви, симболи и бои.

Истите групи (или можеби цел клас на пленарна сесија) потоа размислуваат за медиумски апарати кои би сакале да ги користат (видете го работниот материјал: картички за презентација кои даваат мал вовед за медиумските апарати).

Ако овие предлози се развиваат во групи, резултатите треба да се соберат.

Во пленарна дискусија, повторно треба да се навратат на прашањата за одговорност.

  • Каква одговорност има личноста која слика и снима?
  • Што значи заштита на човековите права?
  • Кој треба да го прашаме или да го информираме?

Глава 9 треба да заврши со овој чекор. Имплементацијата на дадена тема ќе се направи како дел од предметот во кој најчесто се обработува таа тема.