2 – Работно досие 8: Самооценување на наставниците: листа за проверка (чек-листа)

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 8: Самооценување на наставниците: листа за проверка (чек-листа)

Во училишното секојдневие самооценувањето на наставникот е најпрагматичниот и наједноставниот метод за евалвација на сопствената настава. По правило оваа самоевалвација е сосема автоматска иако ретко се спроведува систематски. Најчесто наставниците ја рефлектираат нивната работа тогаш кога тие сметаат дека тоа е неопходно или кога училиштето го предвидува тоа, но пред сѐ доколку не се задоволни со резултатот. Овој процес на саморефлексија може да се поддржи и квалитативно да се подобри со чек-листи како долу наведените.36

  • Како го стимулирав процесот на учење кај учениците?
  • Можам ли да го одржувам интересот на учениците и интензитетот на учење за време на целото време на настава; каде и зошто имаше евентуални прекини?
  • Дали учениците ги разбраа поставувањата на задачите?
  • Ги препознаа ли учениците централно поставените прашања и поставените проблеми?
  • Дали наставната секвенца дозволи препознавање на тежиштето?
  • Колку прашања поставив?
  • Какви прашања поставив: само „испрашување“ или исто и вистински прашања?
  • Беа ли моите прашања и импулси широко и отворено формулирани така што тие водеа до вистински поводи за зборување и бараа повеќе отколку одговор од еден збор?
  • Какви прашања поставија учениците?
  • Дали поставените прашања т.е. проблеми беа предметно-логички во корелација?
  • Кои прилози кои прашања ги предизвикаа?
  • Дали јас внимателно ги слушав учениците?
  • Дали се придржувавме на договорените правила за разговор?
  • Како реагирав на прилозите на учениците, како ги одговорив?
  • Кои форми на зајакнување ги употребив?
  • Дали е стимулирана интеракцијата помеѓу учениците?
  • Колкаво беше моето учество во разговорот?
  • Колкаво беше учеството на учениците во разговорот?
  • Имаше ли поединечни ученици со особено високо или длабоко учество во разговорот?
  • Колку учествуваа девојчињата во споредба со момчињата?
  • Кои прилози ги исполнија одредени проблематични ученици?
  • Дали јас се концентрирав на одредени ученици?
  • Како дојде до конфликтни ситуации?
  • Кој тек го доби дискусијата?
  • Како конфликтите беа решени?
  • Дали интегрирав продлабочени, поставувања на задачи ориентирани кон употреба и трансфер во процесот на учење?
  • Кој вид на помош го дадов?
  • Како беа претставени резултатите?
  • Како беа регистрирани знаењето, спознанијата или резултатите?

36. За приодот со чек-листите од овој вид види Becker, G. E. (1998): Вреднување и оценување на наставата. Weinheim: Beltz.