7.3 Задачи – дидактичкиот инструмент за учење ориентирано кон дејство

Living Democracy » Textbooks » 7.3 Задачи – дидактичкиот инструмент за учење ориентирано кон дејство

Од гледна точка на наставникот, најважниот инструмент за поддршка на активните процеси на учење се внимателно конципираните, предизвикувачки поставените задачи. При концепцијата или адаптацијата на задачите наставникот ги зема во предвид сите важни аспекти на предавањето и на учењето: структурата на содржините и целите на учење, почетното ниво на учениците во врска со постигнувањето, разбирањето и вештините, шансите за учење, можните медиуми и работната клима во одделението.

Наставата за едукација за демократското граѓанство/човековите права се заснива во основа на учењето ориентирано кон делување. Книгите II-VI од  дадената серија нудат за таа цел многу примери и описи, кои во секоја серија се интегрирани во секвенци од по четири лекции, што дозволува реално планирање. Учењето ориентирано кон делување се дели на три основни категории: Симулација на реалноста, истражување на реалноста и производство. Следната табела ги илустрира овие категории преку примери.

Учење ориентирано кон делување
Симулација на реалноста Истражување и делување во реални ситуации Производство
Игра на улоги
Игри на одлучување
Игри со статуетки
Конференции
Ток шоу
Дебати
Сослушувања
Трибунали
Интервју со експерт
Интервју на улица
Анкетирање и истражување
Пракса
Хоспитација
Иследување на случај
Учество во обликувањето на училиштето
Учество во планирањето на лекциите
Презентација
Прирачник
Постер
Флаер
Ѕиден весник
Видео или музички клип
Веб страна
Презентација
Репортажа: вести на неделата
Изложби
Фотографии
Увежбување на вештините