5.3 Учениците да се стават во положба да ги засапуваат нивните интереси (ориентирање кон учениците)

Living Democracy » Textbooks » 5.3 Учениците да се стават во положба да ги засапуваат нивните интереси (ориентирање кон учениците)

Учениците мора да бидат во состојба да ја анализираат политичката ситуација и во смисла на нивните сопствени интереси да влијаат на неа. Ова поставување на цел обусловува тие да располагаат со добри операционални и персонални вештини, како и со компетенции кои се однесуваат на настапувањето. Тоа може да се постигне само доколку се почитуваат двата други принципа – неиндоктринација и контроверзност. Принципот на ориентација кон учениците, секако не треба да се разбира како поттикнување на егоизам и недостаток на колективна одговорност. Уште повеќе се работи за тоа наставникот да им покаже на учениците како тие можат да ги следат сопствените интереси без притоа да ги запостават нивните должности и соодговорност и без да ги нарушуваат легитимните интереси и слободи на другите.

5.3.1 Практични влијанија

Училиштето е микро-општество во кое учениците учат партиципација. Тоа се постигнува на различни начини и започнува во наставата, со тоа што се дозволува да се избере тема која што ги интересира, а исто така се дозволува да се дискутира и при планирањето. Во натамошните форми на партиципација се вбројува  и демократското дизајнирање на училиштето (учење „преку“ демократијата и човековите права). На овој начин учениците во рамките на учењето ориентирано кон делување и базирано на проблеми можат да стигнат до независно расудување и изнаоѓање на решенија.