8. Планирање на презентација и презентирање

Living Democracy » Textbooks » 8. Планирање на презентација и презентирање

Можете да презентирате пред вашите соученици, пред родителите или пред другите деца во училиштето. Без разлика пред кој, треба добро да си го подготвите говорот. Следната листа за проверка може да ви помогне во тоа.

А. Планирање на говорот

1. Кој ќе слуша?

  • Каде треба да го одржите вашиот говор?

2. Кој ќе го одржи говорот?

  • Дали сам ќе го држиш говорот или заедно со групата?
  • Како се има организирано самата група?

3. Која е целта на говорот?

  • Што треба да научи публиката?
  • Дали публиката треба да даде повратна информација?

4. Колку време имате за говорот?

  • Дали треба да оставите време за да може публиката да поставува прашања?
  • Дали треба да оставите време публиката да ви даде повратна информација?

5. Кои ресурси ви се на располагање?

  • Табла/ бела табла?
  • Проектор за на ѕид?
  • Компјутер и проектор за Power Point презентации?
  • Постер (flipchart)?
  • Касетофон?

6. Како можете да ја вклучите публиката во вашиот говор?

  • Дајте им време за да постават прашања.
  • Направете квиз или сложувалка.
  • Дајте им да разгледуваат предмети помеѓу нив.

7. Што сакате да кажете?

  • Размислете за три до шест наслови кои се важни за вашата тема и запишете ги на посебни ливчиња хартија;
  • На секое ливче, запишете неколку клучни термини за секој наслов.

Б.  Одржување на говорот

Презентацијата на говорот може да биде поделена на неколку делови: вовед, главен дел и завршен дел. Следат неколку идеи кои можат да ви помогнат при вашиот говор.

1. Вовед

  • Започнете со важен цитат или со покажување на важна слика или предмет.
  • Презентирајте ја главната тема.
  • Објаснете како ќе ви биде структуриран говорот.

2. Главен дел

  • Кажете ѝ на публиката што е тема на дискусија во вашиот говор.
  • Поставете ги претходно подготвените листови хартија со напишаните наслови по ред.
  • Организирајте го говорот според тие наслови.
  • Секогаш кога ќе започнете да разговарате за нов наслов, покажете слика, или појаснете итн.
  • Покажете релевантна слика, предмет, или музика за секој наслов.
  • Размислете како ќе ги покажувате сликите – дали ќе им го дадете да ги разгледуваат меѓу нив, дали ќе им ги прикажете на фолија за презентација или ќе ги ставите на постер, итн.

3. Завршен дел

  • Кажете што беше ново за вас.
  • Кажете што научивте.
  • Покажете една слика.
  • Поставете прашање на некој од вашите соученици.
  • Дајте време за поставување на прашања.