Материјал за ученици 3.2: Учество во демократијата – основни правила и принципи

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 3.2: Учество во демократијата – основни правила и принципи

Учество во демократијата значи учество во преговори за општото добро

Во демократиите, секој – индивидуалец или група може да учествува и да ги промовира своите интереси и идеи. Конечната одлука можеби нема целосно да ги исполни нашите цели, но ако не учествуваме никој нема да ги забележи нашите интереси.

Во демократиите, одлуките и решенијата се наоѓаат преку контроверзија и натпревар на интереси и идеи. Согласноста се добива преку добар компромис кој сите партии, или мнозинството можат да го прифатат. Таа одлука може привремено да се смета за дефиниција на општото добро.

Контроверзиите и политичката конкуренција создаваат елемент на борба. Затоа многу е важно сите играчи во политичката арена да се согласат за рамка на правила, која е базирана на принципот на заемна почит.

Основни правила и принципи за преговори и контроверзии во демократијата

1. Јасност и заемна почит

„Не го одобрувам тоа што го велите, но до смрт ќе го бранам вашето право да го кажете тоа.“

Волтер (1694-1778)

Ова значи дека ги третирате личностите со различни интереси и погледи како ваши противници, но не непријатели. Вие не се борите, вие сте вклучени во нешто што е повеќе како спортски натпревар.

2. Човековите права постојат за сите

Човековите права го создаваат принципот за ненасилството. Политичкиот натпревар се прави со зборови, аргументи, идеи, шарм и духовитост.

3. Желба за компромис

Пробајте да најдете двострано позитивни решенија.
Ако тоа не успее, гледајте двете страни да имаат нешто за кое ќе се согласат.
Избегнете ги решенијата во кои има победник и губитник, без разлика кој е.

4. Совети при преговарањето

Имајте јасна идеа за вашата цел. Играчите кои знаат што сакаат често победуваат од оваа единствена причина.

Обидете се да го разберете гледиштето на другите. Концентрирајте се на што можете да се согласите наместо на што не можете да се согласите – барајте заеднички интереси и работете на тоа. Но бидете многу јасни за точките кои ви се вам битни. Не прифаќајте решенија кои сметате деке се неправедни или неефикасни и не ги предложувајте на други.

Обидете се да се концентрирате на проблеми кои дозволуваат компромис, поточно се’ што може да се измери или стави во бројки – на пример дистрибуција на ресурси, пари, земја или време. Избегнувајте спорови за колективни идентитети (боја, етничко потекло).