Лекција 4: Што е добар начин на владеење со демократска заедница?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 4: Што е добар начин на владеење со демократска заедница?

Што е фер, и што функционира?

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Расудување: балансирање на критериуми.
Крајна цел на учењето Дијалектика меѓу демократијата, праведноста и ефикасноста.
Задачи на учениците Учениците ги оценуваат предлог-статутите и ги објаснуваат нивните размисли.
Материјали и извори Табла или хартиена табла.
Метод Презентации, дискусија.
Временски буџет 1. Учениците ги споделуваат и презентираат резултатите – 20 мин.
2. Дискусија – 10 мин.
3. Заклучок – 10 мин.

 

Информационо поле

Учениците ги споделуваат резултатите и работат на заеднички исказ („систем на снежна топка“). Овој пристап ги вклучува сите ученици, наместо да се слушаат неколку ученици и да се изостави мнозинството.

Опис на лекцијата

1. Учениците ги споделуваат и презентираат резултатите

Наставникот прво им вели на учениците да гласаат за одреден статут (или за ниеден) со кревање на рака. Потоа учениците со исти мислења формираат групи од четири до пет ученика. Тие ги споделуваат резултатите и прават изјава. Групите даваат кратка изјава објаснувајќи ги причините за нивниот избор. (видете материјал за ученици 7.4).

2. Дискусија

Откако учениците гласале за различните статути, тие имаат различни мислења за тоа како треба да се оценуваат моделите на групите. Во дискусијата тие критички ги оценуваат изборите меѓусебно.

Наставникот претседава со дискусијата. На крајот, учениците гласаат уште еднаш. Дали некоја група успеала да убеди друга? Дали мнозинство од учениците гласале за еден определен статут?

3. Заклучок

Наставникот ја кажува целта на заклучната фаза: учениците сега го гледаат нивниот процес на размислување и резултатот од поинаква перспектива, со цел да се вреднува неговата релевантност.

Наставникот прашува едно прашање: на кој начин оваа анализа на случајот за спортскиот клуб е слично со политиката?

Учениците ги споделуваат размислувањата меѓусебно и со наставникот. Наставникот слуша и истакнува кои идеи се комплементарни, а кои не се.

Наставникот ја сумира дискусијата, додавајќи ја следната точка.

Во политиката, дискусиите за ваквите комплексни работи не се академски туку практични. Општеството мора да избере – му треба статутот како конституционална рамка. Затоа по разгледувањето различни опции и алтернативи со свои квалитети и недостатоци, мора да се направи одлука – би било иделно да е едногласна, или со колку што е можно поголемо мнозинство. Во политиката, дискусијата за ваков проблем одговара на процесот на законодавство па дури и одлуки за уставот.

Продолжение: истражувачка задача

Во оваа тема учениците се здобија со модел за анализа на важен елемент на нивниот устав и законодавен систем кој ги одговара прашањата како тој е составен и како функционира во реалноста. Тие прават истражување на следните прашања:

  1. Какви примери на проблемот со мнозинството/малцинството имаме во нашето општество?
  2. Истражување на случај: на кој начин нашиот устав и законски систем го решава овој определен проблем?
  3. Кое е нашето расудување за проблемот?