Материјал за учениците 6.1: Милан избира

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 6.1: Милан избира

Милан, речиси беше подготвен да замине на училиште, кога неговиот татко влезе во кујната.

„Милан, денес навистина ми е потребна твојата помош во полето. Можеш ли да останеш дома и да не одиш на училиште? Посевите ќе се уништат ако ги оставиме и понатаму.“

Милан не беше среќен.

„Тато, денес треба да одам на училиште.“ – рече тој. „Денес е првиот состанок на ученичкиот совет, а јас штотуку бев избран за претставник на осмите одделенија.“

„Но ти нема да бидеш единствен, нели?“ –рече неговиот татко. „ Не е важно ако не отидеш. Има и други претставници на осмите одделенија, нели?“

„Да, но ако не отидам, ќе ги изневерам луѓето кои ме избраа.. Освен тоа, денес имаме и час по природни науки. Не сакам да го пропуштам. Треба да ги поминам сите мои испити ако сакам да стигнам до факултет.“

Татко му на Милан несреќно негодуваше.

„Ти ми зборуваш за одење на факултет како да не ти е грижа за твоето семејство. Зошто не можеш да видиш дека си ни потребен дома? Од каква помош би ни бил ако заминеш на факултет? И каде ќе одиш кога ќе ги добиеш твоите квалификации? Не би ти се допаѓало да се вратиш тука, тоа е сигурно.“

„Ти би требало да си задоволен дека јас сакам да успеам во животот.“ – извика налутено Милан. „Спротивно на повеќето момчиња оттука. Тие немаат никаква амбиција. Тие ќе завршат правејќи го она што го правеле нивните татковци.“

„Нема ништо лошо во малку почит на постарата генерација.“ – одговори таткото на Милан, додека неговото нерасположение растеше. „Цел овој разговор за образованието овие дена, ме прави да се чувствувам лошо. Мислам дека ти си ги заборавил некои од старите вредности каде што сите сме вовлечени. Само ти си надвор од нив.“

Милан воздивна. Тој го имаше слушнато сето ова и порано.

„Тато, ако работам добра работа, јас нема да те заборавам тебе и семејството. Како си можел да помислиш дека јас би го направил тоа? Дали навистина сакаш да го напуштам училиштето и да не го постигнам она за кое сум способен? Сите мои наставници велат дека јас би можел да бидам добар научник. Можеби еден ден ќе направам откритија кои ќе му помогнат секому во светот.“

Татко му на Милан удри по масата.

„Твојата прва должност е кон твоето семејство и оваа заедница, особено сега зашто времињата се тешки. Ти ја полниш главата со соништа. Каква е твојата грижа за вистинскиот свет?“

Ова го повреди Милан, но тој не сакаше да покаже. За секунда тој зјапаше во неговиот татко во тивок инает. Потоа, стариот човек се сврти и ја напушти куќата, треснувајќи ја вратата при излегувањето.

Милан седна и воздивна. Тој размислуваше една минута и одлучи. Си ја зеде училишната чанта и тргна кон вратата. Потоа, застана, зеде лист хартија и седна да напише белешка за татко му. Тоа беше најтешката работа која ја имаше направено во животот.