Час 3: Рамноправност помеѓу мажите и жените

Living Democracy » Textbooks » Час 3: Рамноправност помеѓу мажите и жените

Како би требало да ги третираме мажите и жените?

Цел на учењето Учениците стануваат свесни за дискриминацијата поврзана со родот во општеството.
Учениците се способни да го сфатат гледиштето на жртвите на дискриминацијата поврзана со родот.
Учениците се способни да реагираат во ситуации на дискриминација.
Задачи за учениците Учениците размислуваат како тие, а и општеството во целина, ги третираат жените во нивната земја.
Материјали Копија од една приказна од материјалот за учениците 2.2 за секоја група.
Голем лист хартија и маркер за секоја група.
Метод Мали групи, дискусија и презентации.

 

Информации за темата

Ќе треба да се помине уште долг пат пред мажите и жените да бидат третирани како рамноправни човечки суштества според законот и во секојдневниот живот. Различните ситуации во семејството, на училиште и на работа нудат можности да се подигне нивото на емпатија кај поединецот за овие прашања, како и неговиот увид за справување со нив. Овој час е, исто така, и покана за промена на некои практики во одделението или во училиштето.

Часот

Одделението е поделено во групи од по четири или пет ученици. На секоја група ѝ се дава по една, од трите приказни дадени во материјалот за учениците 2.2. Откако  учениците ќе завршат со читањето, тие ќе бидат поканети да дискутираат на прашањата дадени со секоја приказна.

Потоа, наставникот води кратка последователна дискусија за секоја приказна, замолувајќи го презентерот од секоја група да даде кратко резиме на нивната приказна и да ги презентира резултатите од дискусијата на групата.

Откако ова ќе биде направено, наставникот ги замолува учениците внимателно да ја прочитаат табелата и текстот на таблата и потоа, да дадат по два примера за разликите во полот и уште два примера за разликите во родот, со цел да се осигура дека сите ученици ги разбрале дадените дефиниции.

Пол Род
Биолошки определен Социјално дефиниран
Статичен, не може да се менува Динамичен, можност за промена
„Полот се однесува на природните определувачки варијабли, кои се базираат врз биолошките карактеристики да се биде жена или маж.“ „Родот е концепт кој се однесува на социјалните разлики, спротивно од биолошките, помеѓу мажите и жените. Тие разлики се научени, променливи во текот на времето и може пошироко да варираат, во зависност од историските, културолошките, традиционалните, географските, религиозните, социјалните и економските фактори.“

На учениците им се дава голем лист хартија и маркер. Сега тие дискутираат во врска со тоа, дали тие мислат дека нивното училиште ја промовира родовата рамноправност или не. Ако тие се согласат дека ја промовира, тие треба да презентираат пет примери кои го поддржуваат мислењето на нивните групи. Ако одговорот е „не“, како и да е, тие треба да набројат пет работи, кои би можеле да се направат, за да се промовира родовата рамноправност во нивното училиште.

Секоја група се замолува да ги презентира нивните заклучоци.

Ако наставникот посака да ја прошири оваа активност во проектна работа, тој/таа треба да ги покани учениците да одберат една или две идеи и да направат план за примена на тие идеи во училиштето. Планот треба да ја вклучи главната цел, различните чекори кои треба да бидат преземени, одговорните луѓе и временскиот план.

Пример за план

Главна цел:
Што треба да биде направено? Кој ќе го направи тоа? Кога треба тоа да биде готово?
a
a
a
a
a