Час/Лекција 1: Суперхерој?

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 1: Суперхерој?

Која треба да е позицијата на претседателот на класот?

Цели на учењето Учениците размислуваат за концептот на одговорност и авторизација преку дискусија за позицијата одговорна личност на класот.
Задачи на учениците Учениците дискутираат за одговорностите, компетенциите и позицијата претседател на класот.
Ресурси Flipchart, пенкала, работни материјали за учениците, голема слика од суперхерој.
Методи Индивидуална работа, групна работа, пленарна дискусија.

Опис на часот

Учениците добиваат работен материјал со слика на суперхерој. Тие треба да ги пополнат празните дијалози во врска со компетенциите и одговорностите кои треба да ги има претседателот на класот. Ова го прават самостојно 10 минути.

Откако ќе ја завршат својата работа, учениците се групираат во групи од по 4 членови и ги дискутираат нивните работни материјали. Доаѓаат до заклучок за најважните карактеристики, компетенции и одговорности кои треба да ги поседува претседателот на класот. Истите ги запишуваат на ливчиња хартија.

Секоја група ги става своите заклучоци на сликата од суперхеројот која е ставена на таблата или flipchart-от. Наставникот иницира дискусија во врска со следните прашања:

  • Која е најважната компетенција која треба да ја има претседателот на класот?
  • Кога на претседателот ќе му треба поддршка од целиот клас?
  • Дали претседателот на класот треба да биде суперхерој? Зошто?
  • Во кои ситуации претседателот на класот треба да се однесува исто како и сите други ученици во класот?
  • Кои слабости може да ги има претседателот на класот?
  • Во кои услови мислиш дека претседателот на класот треба да се замени со некој друг? Како?
  • Кои работи претседателот на класот не може да ги исполни?

Откако дискусијата ќе заврши, учениците добиваат задача да размислуваат/размислат дали тие можат да се замислат во улогата на претседател на класот. Тие треба да размислат за одговорностите и компетенциите кои ги дискутираа и да проценат дали тие се способни да бидат на таа позиција. Наставникот им дава хартија и им вели на учениците да ги напишат нивните имиња ако се заинтересирани за таа позиција.