Наставна тема 9 (Основно училиште, 9 одделение) – Зошто мора да ги почитуваме правилата?

Living Democracy » Textbooks » Наставна тема 9 (Основно училиште, 9 одделение) – Зошто мора да ги почитуваме правилата?

А    Грубо планирање

 

Клучни прашања/тема

Клучни активности

Материјали

Подготовка

Учениците собираат информации за еден случај во кој прво беше прекршено едно училишно правило, а потоа беше применето.

Индивидуална работа: Собирање на Информации.

Мал прашалник.

Активност 1

Ученик во неволја (студија на случај).

Групна работа: Анализа на случај

Работен лист за студија на случај

Активност 2

Зошто училиштето има правила?

Групна работа: училишните правила се анализираат од аспект на детските права.

Домашна задача: Кои правила најмногу ги применуваме во нашиот секојдневен живот?

Флип чарт хартија и работен лист: „Зошто училиштето има правила?“

Копии на училишни правила;

Работен лист: „Кои правила мораме да ги следиме во текот на денот?“

Активност 3

Каде сѐ ни се неопходни правила во животот?

Групна работа: Кој „измислува“ неформални правилата, а кој се грижи за нивното почитување?

Активност 4

Кој може да донесува закони? (правила за донесување на закони)

Групна работа: Кои правила гарантираат дека законите се фер?

 
Продолжителни активности

Продолжителни разговори со директорот или педагогот.

 

 

 

Б    Основа и цели на учење

Еден важен принцип на сите наши наставни единици за детските права гласи „Учење од искуство – учење од примери“. Ова важи и за областа на училишните правила и закони. Училиштето е живот, тоа е мало отсликување на општеството и училишните правила следат слична цел како законите во политичката заедница и на крајот на заштитата на човековите права.

Кога поконкретно се набљудува произлегуваат следните паралели, но и разлики помеѓу училишните правила и закони на ниво на политичката заедница:

Паралели:

  • Една заедница не може да преживее ако нејзините членови не се придржуваат до спогодбата, дадените закони да се почитуваат.
  • Законите ги штитат послабите. Законите се тука за да ги спроведуваат човековите и детските права.
  • Законите треба само во исклучителен случај да бидат повод за санкции. Тие функционираат само ако воопшто се разбрани и ако се прифатени. Затоа мора законите да бидат фер.

Разлики:

  • Да се донесуваат закони и да се применуваат значи применување моќ. Моќта мора да се контролира. Затоа мора законите да се придржуваат на принципите на човековите права. Така ќе мора и моќта да донесува и применува закони кои ќе бидат споделени и контролирани во демократска заедница. Во случај на ниво на политичката заедница точно да е регулирано кои служби на кое ниво смеат да донесуваат закони или одредби.
  • Во училишната заедница се наоѓа одговорноста за дефиницијата и примената на училишни правила, во голем дел кај училишната управа и наставничкиот колегиум. Но и училишните правила како и законите во една заедница треба да се дискутираат во поглед на детските права и нивната неопходност треба да биде ценета и разбрана од учениците.

V5_P46

За дидактичкиот дел во оваа наставна единица: Лекциите односно активностите се изградени по примерот на концентрични кругови. Активност 1 анализира еден случај на повреда на правило во училиштето и покажува како тогаш правилото наоѓа примена. Активност 2 се занимава со прашањето која цел ја исполнуваат училишните правила. Таа ги нуди и одговорите за тоа дека училиштето мора да исполни одредени детски права и дека училишните правила се важни за функционирањето на едно училиште. Активност 3 излегува од училишното искуство и ги разгледува правилата во други области на животот. Активност 4 конечно се занимава со разликувањето меѓу правила и закони и го поставува прашањето кој треба да ја има моќта да донесува закони.

В    Kлучни прашања за рефлексија на деветтата наставна единица

Доживување на детските права

Запознавање на детските права

Реализирање на детските права

Наставник

Како се води сметка за принципите на правата на детето во училницата и во училишната заедница?

Што знаат децата сега за детските права?

Да се учи како надвор од училиштето може да се преземе нешто активно? Што научија учениците за нивната иднина?

Учениците да научат да се справуваат со нерамномерна распределба на моќ. Тие ги прифаќаат нивните права, но и сознаваат дека тие допираат до граници.

Детските права се дел од јавното право и со тоа обврзувачки за сите. И покрај тоа тие никаде во светот не се комплетно спроведени.

Учениците стекнаа важно искуство да не се предаваат веднаш при потешкотии во граѓанското општество и како граѓани кои го даваат својот глас.

Ученици

Како ги доживеав детските права во настава?

Што научив за детските права?

Што можам сега активно да преземам?

Јас научив да го спроведам трудољубивиот процес на преговарање во разработка на правата и обврските. Научив да се справувам со фрустрации и порази.

Знам дека правата и обврските спаѓаат присилно во соживотот. Знам исто така дека детските права се дел од тоа.

Можам поткрепено со знаење и ориентирано кон критериуми да дискутирам за права и обврски. Се осмелувам да водам таков разговор и со авторитативни личности, а можам дури и да аргументирам и да сослушувам.

 

Г    Микро планирање

Подготовка на активност 1

Отприлика една седмица пред првата активност наставникот им ги доделува на учениците следните задачи: соберете информации за еден по можност актуелен случај во кој се повредило училишно право и еден ученик бил предупреден или казнет (треба по можност да се работи за случај од нашето училиште или општина, дозволени се и истражувања во поширока рамка). Направете си забелешки и за она што, согласно следнот каталог на прашања, ќе го структурирате:

Повреда на училишно правило: Клучни прашања

  1. Што се случи?
  2. Кој беше инволвиран/погоден?
  3. Која казна, ако воопшто постоеше, беше применета?

Активност 1: Еден ученик во потешкотија (студија на случај)

Вовед (Учениците седат за групна работа на масите): Во врска со горната задача некои ученици го известуваат одделението за резултатите од нивното истражување. Усогласување на еден „случај“ кој што ќе може продлабочено да се истражува (по можност случај од поблиското опкружување, за кој има контекстуално знаење и за кој ќе мора по можност многу малку да се шпекулира).

Дискусија/Разговор во одделението: Одделението се обидува да го препознае основниот проблем. За тоа ќе мора да се повика на соодветното училишно правило и него да го интерпретира. Наставникот ги поканува учениците да ги предадат нивните коментари за случајот (евентуално прво во писмена форма да напишат белешки, а дури потоа усно). Во зависност од случајот погледите ќе се разединат или учениците ќе се усогласат (на пр. точно беше да се делува или сметам дека казната беше неправедна или премногу строга). На крајот наставникот замолува еден ученик да ги резимира коментарите од одделението, резиме од страна на наставникот. Кога ќе се гребе на површината на еден случај тогаш често се појавуваат прилично комплексни проблеми кои ќе мора поточно да се истражуваат за да се разбере приликата во сите фасети.

Наставникот го дели следниот работен лист кој што треба да се дискутира и да се обработи во врска со дискутираниот случај во групата (околу 4 ученици).

Студија на случај: еден ученик во потешкотии
1. Што се случи?
2. Кој го откри или го пријави случајот?
3. Кој е погоден од случајот?
4. Што е проблемот? Зошто за оваа тема воопшто нема училишно правило? Што би можело да биде загрозено без правило?
5. Кое училишно правило ќе биде применето во овој случај?
6. Која казна беше применета?
7. Какво делување имаше казната врз виновникот и врз другите ученици?
8. …

Доколку е неопходно може, се разбира, работниот лист да се прилагоди или дополни во пленум.

За постапката: Групата прво определува еден говорник и ги дели евентуално другите улоги (временски менаџер итн.). Потоа членовите на групата си разменуваат за случајот, ги запишуваат информациите на работните листови и дискутираат посебно во врска со прашањата 4 и 7 бидејќи тие се однесуваат на јадрото на проблемот.

Остатокот од времето групата се усогласува за формата и содржината на одговорите на прашањата 4 и 7, како говорникот на групата ќе ги презентира во следната активност.

Активност 2: Зошто едно училиште има правила? (Времетраење околу 1 ½  лекции )

Презентации, потоа дискусии, разговори во одделението за задачата од последната активност: Говорникот на групата ги презентира по ред одговорите на прашањата 4 и 7; а потоа следи дискусија.

Импулси:

  • Во кои точки групите се усогласија? Каде произлегоа разлики?
  • Што ми се допадна? Со што се согласувам? Што не ми пречеше? А што ми се чини неприфатливо? Зошто?

Се претпоставува дека учениците (евентуално поддржани од страна на наставникот) дојдоа до следните сознанија: Сите ние ги уживаме основните човекови и граѓански права. Тие мора да се почитуваат и во училиштето. За да може училиштето да ги почитува овие права, мора одредени услови да бидат исполнети. Резиме: Училиштето е место каде што се среќаваат и соработуваат многу различни луѓе. Затоа се потребни правила. Тоа меѓудругото значи и дека лекциите треба точно навреме да започнат и да завршат и дека сите мора во точно време да бидат присутни во училницата, како наставниците така и учениците. Потоа, училиштето е директно одговорно за важните права на децата и младите, во прва линија се разбира за правото на образование.

Инпут и дискусија специфично за правото на образование: Каде ова право воопшто е запишано?

Дискусија дополнета со едно кратко предавање на наставникот за детските права и нивното значење и за училишниот живот. Како пример за тоа служи следниот работен лист за ученици кој што истовремено може да се употреби зголемен како флипчарт или на проектор:

Зошто едно училиште има правила?

Права на децата и младите
(Конвенција од 1989 год.)

Кои правила во нашето училиште ги штитат овие права?

Член 13

Слобода на изразување

Член 14

Слобода на мислење, совест и вероисповед

Член 24

Заштита на здравјето

Член 28

Право на образование, вклучувајќи достапност до повисокото образование и гарантирање на мерки за редовно посетување на училиштето

Член 31

Правото на детето на одмор и слободно време

Член 33

Заштита од дроги

Член 37

Заштита од злоупотреба

Инпут и разговор на тема „училишните правила набљудувани од перспектива на детските права: Зошто овие права се поставени?“

Наставникот ја пишува темата на овој разговор на ѕидната табла: „Зошто едно училиште има правила? “ Тој на секој ученик му дели копија од правилата кои важат во соодветната училишна зграда или училница (правила во училница или куќен ред), фломастер и еден лист од флипчарт. Наставникот му ја објаснува задачата на одделението:

  • Формирајте групи од по четворица. Прво работете секој за себе. Прочитајте ги правилата на училиштето. Обидете се секогаш кога е можно да воспоставите врска помеѓу правилата и детските права.
  • Потоа работете во тим. Разменете ги вашите идеи и обидете се да се усогласите кои училишни правила на кое детско право му служат. Вашите резултати запишете ги.
  • Земете го работниот лист „Зошто едно училиште има правила?“ и подредете го тамошниот член од  Конвенцијата на правата на детето на соодветното правило од нашето правило на одделението, на училницата или куќниот ред.
  • Изберете две личности како гласноговорници на групите кои што ќе ги изнесат вашите резултати.

Презентација на резултатите во одделението, пришто одговорите се разбира ќе мора логички да бидат образложени.

Крајна рунда: Повторно навраќање на прашањето на ѕидната табла: Зошто едно училиште има правила? (Резимирачкиот одговор би можел да гласи: училиштето одговара на правото на образование на секое дете и секој млад човек. Училишните правила се тука затоа дека училиштето треба беспрекорно да функционира и да може ефективно да ги исполнува нивните цели. )

Задача 1, која што може евентуално како завршеток на активността да биде изработена во училиште: Напишете како резиме на наученото неколку реченици а) за клучниот збор „(едно училиште) без правила…“ и б) за прашањето „Зошто училиштето има правила?“

Задача 2 (Домашна задача како работен лист ископиран на посебен лист или на задната страна на претходниот работен лист)“

Еден цел ден полн со правила

Избери еден ден од седмицата. Води дневник за тој ден и забележи ги сите правила кои што мора да ги почитуваш или едноставно си ги испочитувал (и сите непишани правила!).

Погледни ги правилата кои што ти кажуваат како ти треба да се однесуваш или што мораш да правиш, на пример:

  • кога си дома со твоето семејство;
  • кога ги среќаваш колегите или колешките;
  • кога купуваш нешто во една продавница;
  • кога се движиш низ градот;
  • итн.

Размисли кои правила се запишани како формални правила, а кои важат  како непишани, неформални правила. Училишните правила се, на пример, формални правила. Правилата кои што ни кажуваат како мора да се однесуваме на маса, со нашето семејство или нашите пријатели, се неформални правила.

Време

Правило

Формално/неформално

07.00

08.00

09.00

10.00

11.00

12.00

13.00

14.00

15.00

16.00

17.00

18.00

19.00

20.00

21.00

22.00

 

Активност 3: Кој ги создава правилата во животот?

Наставникот замолува неколку ученици како експерти да прочитаат еден пасус од нивната домашна задача (види горе) пришто треба да бидат дискутирани како формалните, така и неформалните правила.

Наставникот избира два примера од прилозите и ги внесува во подготвената табела на ѕидната табла. Пример:

Вид на правило

Содржина

Изработено од …

Спроведено/Применето од …

Формално правило
(на пр. еден закон)

Забрането е да се премине преку улица ако на семафорот свети црвено.

Неформално правило

Не смееш да подригнуваш на масата.

Учениците се замолени да го изразат нивното мислење за двете празни рубрики како и за санкциите во случај на повреда на правилото. (Сообраќајното правило, односно соодветниот закон ќе се докаже како едноставно разбирлив: Министерството за сообраќај како пример го донесува, а парламентот  (легислативата) го става во сила. Полицијата, а доколку е неопходно и судот го спроведуваат законот, на пр. со ливче за казна. Потешко (можеби за дискусија, но и поинтерсно) е со непишаниот закон, да не се подригнува на маса; при што санкциите се овде семејноспецифични и културноспецифични. (Не треба да недостига упатување на Книге (Knigge) како полуофицијално „законско дело“ по прашањата за однесувањето.) Инфрормациите се дополнуваат во табелата.

Се формираат групи од по четири или пет ученици. Задача: Разменете си за примерите од неформалните правила на вашите работни листови, пронајдете како се спроведува придржувањето кон овие правила и како се санкционираат повредите. Дополнителен импулс: Дали има половоспецифични правила, норми или дури и закони?

Собирање на резултатите во пленум. Можни точки за дискусија:

  • Вид и позиција на непишаните правила во групата на врсници (примери)
  • Кој ги дефинира или модифицира непишаните правила и санкциите при повреда?
  • Половоспецифични непишани правила
  • Кои можности ги имаме ние за да дефинираме или модифицираме правила? Каде ние можеме да учествуваме во одредувањето?

Активност 4: Кој треба да донесува закони?
(Правила за донесување на закони)

Отварање на активността со осврт на резултатите од последната активност во која се работеше за формалните и неформалните правила и закони. Денес ние поточно ќе анализираме како настануваат закони, односно како треба да настануваат.

Воведен импулс: Како „пример“ за закон наставникот го покажува следниот закон (на ѕидната табла или на проекторот):

§1   Сите мажи кои што се родени во април не мора да плаќаат данок.

Рунда на дискусија: Можни сознанија кои по дискусијата на слободна асоцијација треба да бидат разработени:

  • Овој закон е неправеден бидејќи се повредува принципот на недискриминација.
  • Ги дискриминира различните групи (оние кои што не се родени во април и сите жени).
  • Му служи пред сѐ на интересите на една мала група на луѓе, имено на оние мажи кои што се родени во април.
  • Законите мора да служат за доброто на сите. Овој вид на закони затоа мора да се избегнува.
  • Неправедните закони можат да иницираат конфликти во едно општество и дури и да го уништат.

Се формираат групи од четири или пет ученици; Задача: Дискутирајте кои правила и принципи се неопходни за да може да се заштитиме од едно неправедно законодавствo. Усогласете се за презентацијата која ќе следи на максимално три клучни елементи.

Презентација, дискусија и споредба во пленум.

Кој всушност ги носи законите во нашата земја? Собирање на  предзнаењето на учениците; резимирачки инпут/кратко предавање од страна на  наставникот. (Централни точки: Уставот ги содржи човековите права со принципите на рамноправност и на личната слобода. Тој содржи  и еден дел кој што дефинира кој може да донесува закони: Во повеќето држави тоа е една група на пратеници кои што ги донесуваат законите со одлука на мнозинството. Овие пратеници мора да бидат избрани и затоа подлежат на контролата на граѓаните. За одредени закони се одлучува и директно на гласачки кутии.)

Евентуално заклучна дискусија со осврт на наученото во оваа наставна единица и поглед на животот како млад возрасен во едно општество кое што е изградено од закони и норми.