Наставна единица 8 (Основно училиште, 8 одделение) – Детските права темелно истражувани!

Living Democracy » Textbooks » Наставна единица 8 (Основно училиште, 8 одделение) – Детските права темелно истражувани!

А    Грубо планирање

Клучни прашања/тема

Клучни активности

Материјал

Активност 1

Ги разбираме ли членовите од Конвенцијата за детските права?

Учениците ја проучуваат Конвенцијата за детските права и избираат членови кои им се чинат посебно значајни.

Копии од Конвенцијата за правата на децата (види прилог)

Активности 2 и 3

Дали се сите способни и социјално компетентни да и пристапат на заедничката задача? Како може наставникот да даде поддршка без силно да влијае?

Учениците работат во мали групи на задача за еден член од Конвенцијата за правата на децата; тие графички претставуваат и истражуваат релевантни членови и извештаи.

Хартија; списанија; интернет; лепило; ножици

Активност 4

Што научивме ние? Колку беше сложена нашата задача? Како ја искористивме нашата слобода на изразување?

Учениците го рефлектираат процесот на работа и учење. Тие размислуваат за изложба на нивните производи.

(готови плакати)

 

Б    Основа и цели на учење

Човековите и детските права остануваат само зборови запишани на хартија доколку не добијат конкретно значење и важност во реалниот живот на луѓето. Затоа, тие мора да бидат разбрани и ставени во врска со конкретни искуства. Со други зборови: овие права мора да се применат во секојдневието на човекот и нивното прекршување да се обелодени и јавно да се осуди.

За да се разберат детските права, учениците мора да станат активни и да работат со нив. Само да слушаат или да читаат за овие права не е доволно. Децата и младите да се доведат до активна анализа на правата на децата не е цел само на оваа наставна единица, туку и на целокупниот прирачник.

Во врска со поимот „детски права“ кој предизвикува одредена иритација кај младите, треба да се каже следново (за да се комуницира и со младите): Се разбира дека на авторите на Детските права како и на сите други возрасни им е јасно дека има разлика помеѓу деца и млади. Сепак детските права важат и за младите, барем до нивната 18 година од нивниот живот. Младите треба да разберат дека детските права (и покрај нивното малку несоодветно име) им испорачуваат инструмент за да не владее неправедноста и да се бара праведност. Со потпишувањето на Конвенцијата на детските права, секоја држава се обврзуваа да ги чува овие права со сите средства кои ѝ стојат на располагање. Ова значи дека на процесот на чување и спроведување на овие права му се придава голема тежина, во што се вбројува и поддршката на деца и млади при барање на нивните права.

V5_P40

 

Со наставниот проект за 8. одделение бараме децата да ги продлабочат нивните знаења за Конвенцијата на детските права, при што истражуваат конкретни случаи во кои се применуваат односно повредуваат детските права. Како можна и дополнителна цел на проектот која има смисла може да се најави изложба на плакати за различни детски права. Секој плакат се состои од различни елементи: опис на содржината, анализа, сликовит пример и илустрација за соодветното детско право. Со тоа се потпомага како аналитички, така и креативен пристап кон тематиката.

Од дидактичи аспект гледано, изложбата испорачува прилика и мотивација да се занимаваме подлабоко со одреден член од Конвенцијата. Може да се замисли,  наставниците од другите одделенија да формираат жири кое ќе ги избере најубавите плакати и ќе додели мала награда (на пр. кино влезници, ваучери за книги).

Локалните или меѓународните примери треба да потекнуваат од различни печатени медиуми, кои што беа донесени од учениците на училиште или од прилози кои ги истражиле на интернет. Истражувањето во различни медиуми претставува централен момент во оваа наставна редица кое има и одредена медиумско-педагошка корист. Без кооперативно учење т.е. без интензивна работа во мали групи, учениците нема да ги постигнат нивните цели. Ова е друга наставна цел на овој проект.

Проектот се протега преку четири активности кои формираат  целина и не можат прецизно да се разграничат. Во рамките на групата учениците треба да добијат прилика да работат според нивниот сопствен временски план.

Во поглед на изложбата која е од предност да се одржи на меѓународниот ден на Детските права (20. ноември) се препорачува да се започне со проектот на крајот од октомври/почетокот на ноември.

В    Клучни прашања за рефлексија на осмата наставна единица

Доживување на правата на децата

Запознавање на правата на децата

Остварување на правата на децата

Наставник

Како се води сметка за принципите на детските права во училницата и училишната заедница?

Што знаат сега децата за детските права?

Да се учи како да се преземе нешто активно надвор од училиштето: Што научија учениците за нивната иднина?

Учениците ја гледаат училницата и училиштето како поттикнувачка средина за учење. Дневните весници и интернетот се употребуваат како работни материјали. На тој начин училиштето станува место, во кое учениците можат да го анализираат нивното секојдневие.

Учениците учат систематски да ги анализираат детските права.

Со тоа што учениците учат да ги презентираат нивните производи (овде плакат) тие исто така учат да ги набљудуваат и презентираат и најважните прашања надвор од училиштето.

Ученици

Како ги доживеав детските права во наставата?

Што научив за детските права?

Што можам активно да превземам?

Јас стекнав искуство дека моите соученици и наставници не само што ме охрабруваат, туку и ме предизвикаат. И двата вида на интеракција се поддршка за мене.

Свесен сум колку грижливо се формирани членовите од Конвенцијата за детските права и колку аспекти се кријат во нив. Научив да ги анализирам и размислувам за нив.

Подготвен сум да учествувам во јавна дебата на теми кои ги разбирам. Волен сум да го застапувам моето мислење за детските и човековите права, но и да го слушнам мислењето на другите луѓе.

 

Потребни материјали

  • Големи листови хартија (А2, за плакати)
  • Хартија во разни бои
  • Фломастери
  • Ножици
  • Лепило
  • Стари списанија и весници
  • Слики и фотографии
  • Текст од Конвенцијата за правата на детето (види прилог; според нивото на одделението подобро во издание поедноставено од наставникот или канадското издание „Кажи со право!“, види прилог), една копија по ученик
  • Опис на задачата, една копија по група (види активност 2)

Г    Микро планирање

Активност 1

Информативен вовед, преглед од страна на наставникот за следните четири активности. Учениците од одделението треба да разберат дека ќе се занимаваат со детските права, ќе направат продлабочени истражувања и на крајот ќе се изработи плакат со кој ќе се претстават детските права, кој (според договор) ќе учествува на натпревар. Може да има смисла на почеток да се актуализира досега стекнатото знаење за детските права.

Разделување на копии од Конвенцијата за детски права од 1989 (види прилог). Во зависност од нивото на одделението подобро е да се работи со поедноставена и скратена форма на канадската „Кажи со право!” (види прилог) од страна на наставникот. Од директно  значење  за учениците се ионака само максимално 42 од 54 члена. Задача: Прочитајте го целиот текст (може евентуално и претходно да биде совладано како домашна задача). Изберете три члена кои ги сметате за особено важни.

На една листа со броевите на одделни членови подготвена од наставникот, учениците  обележуваат кои три членови ги дефинирале како особено важни. Пребројување на резултатите; изготвување на листа на која членовите ќе бидат подредени според тоа колку често биле избрани од учениците.

Разговори во одделението на темата, модерирани од страна на наставникот. Импулси:

  • Како дојдовте до приоритетите, кои беа вашите мотиви при изборот?
  • Дали овој избор на членови ја отсликува ситуацијата на децата и младите кај нас или на што првенствено се однесува?
  • Можете ли да препознаете еден пример или принцип?
  • Кои елементи беа изоставени?

Активности 2 и 3

Формирање на групи од по тројца. Методски варијанти:

а) по принцип на случајност (броење 1 – 2 – 3);

б) според избор на учениците при што секако треба да се земат во предвид  динамичките аспекти на групата и евентуално да се прифатат (аутсајдери итн.)

в) по налог на наставникот, врз основа на транспарентни критериуми.

Секоја група си определува име на групата и одредува временски менаџер, менаџер за материјалите и еден координатор. Соодветните задачи се запишуваат горе на лист А2, кој што се закачува во училницата и на кого подоцна (како плакат) се документираат останатите чекори за работа.

Во меѓувреме, наставникот ги откачува од таблата десетте членови за кои се определиле најголем број ученици и ги поставува на масата покриени. Координаторите на групите избираат по принцип на случајност еден член и го добиваат описот на задачата (види задача):

Задача

Секоја група подготвува плакат за едно детско право. Тоа ги опфаќа следните делови:

  • Наслов на соодветното детско право
  • Текст на членот од Конвенцијата за правата на децата
  • Слика која одговара на детското право и може да го илустрира.
  • Текст (член (напис), приказна, извештај) од весник/списание или од интернет, кој има врска со соодветното детско право. Притоа треба да се работи за случај во кој соодветното правото е прекршено или одбрането. Наставникот може да ви дава совети при барањето!

Доколку групата го изработила плакатот и останува уште доволно време, тогаш таа може од останатите членови да си избере втор и за него на истиот начин да подготви плакат.

Работните групи се занимаваат со нивната задача; при што се распределуваат одговорностите согласно  горе опишаните функции.

Најпрво (активност 2) тие составуваат список на потребни материјали, ги запишуваат прашањата кои треба да се појаснат, се согласуваат со начинот на постапката и изготвуваат временски план. Важни точки: Што мора да се заврши, кои материјали мора да се обезбедат, има ли предмети кои некој член на групата може да ги  донесе од дома, каде да се чуваат материјалите? Важно е наставникот кон крајот на оваа активност да се осигура кај секоја група дека работата и задачите за следната активност се правилно распределени. Може да има смисла краток разговор за следните точки: До каде сме со нашата работа? Каде ни треба поддршка? Дали се справуваме со функциите во нашата група? Дали е јасно што треба дома да истражуваме и да собираме?

Тогаш (како домашна работа помеѓу активност 2 и 3 како и во активност 3) се занимаваат со истражување работи (слика, текст), кои се главните предизвици во овој проект и кои по  потреба треба да бидат потпомогнати од наставникот. Во активност 3 ги донесуваат на училиште резултатите од нивните збирки и истражувања. Друга важна точка во активност 3 претставува изработувањето на плакатот кое треба да следи доста исполнително. И овде може да се прикаже советување од страна на наставникот.

Појаснување на модалитетот на изложбата: Кога и каде треба да се одржи (евент. во една јавна зграда)? Кој учествува (само нашето одделение или ќе му го предложиме проектот на партнер одделение)? Кој ќе ја отвори изложбата? Кој ќе биде поканет на отворањето? Дали да се планира натпревар со жири комисија? Кои се членовите на жирито?

Активност 4

Презентација и дискусија на завршените плакати во одделението.

Појаснување на последните прашања во врска со изложбата (доколку е планирана).

Осврт на работата во овој проект (поделба на улогите, воглавно проблеми при обезбедување на информации односно при истражување што помогна / корисни совети, добро / лошо искуство, групна динамика итн.)

Краен осврт поглед на темата детски права: Што направивме во врска со тоа за можеби малку да ја подобриме ситуацијата? Што уште останува да се направи? Што конкретно можеме да направиме? Каде се потребни др. инстанци? итн.