1. Вовед: Што мора учениците да научат?

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед: Што мора учениците да научат?

Образованието за демократско граѓанство и човекови права сака на учениците да им овозможи учество во процесите на одлучување, кои ги засегаат нивните интереси и оние на општеството како целина.

Може слободно да се делува дури откако ќе се одлучи т.е. кога ќе се знае што се сака. Или аналитички искажано: Пред да можам рефлектирачки да делувам, мора да ги имам идентификувано моите интереси и да ги имам подредено по приоритети или да имам оценето едно фактичко прашање, конфликт или проблем и да се имам одлучено кој метод го поддржувам. За да може еден проблем да се процени, тој мора прво да се разбере, а за тоа се потребни темелни податоци.

Затоа учениците треба да поседуваат основни политички познавања – од една страна поради предметот (стекнување со политичко знаење), од друга страна бидејќи преку тоа се добиваат потребните алатки за да се преземат потребните чекори за сопствена режија: снабдување со информации и стекнување со способноста да се анализираат, разберат и оценат политички прашања или проблеми. Само ова на младите граѓани им овозможува вистинско учество и ги оспособува за делување. Значи овде се работи за тоа да се научи како се согледува правото на учество.