Материјали за наставници 3Б: Предавање: што е општото добро?

Living Democracy » Textbooks » Материјали за наставници 3Б: Предавање: што е општото добро?

Овој нацрт ги опишува основните упатства за анализа. Наставникот треба да го адаптира предавањето на потребите на учениците и контекстот со темата.

Во демократиите се подразбира дека никој со сигурност не знае што е општото добро, и затоа мораме да заедно да одлучиме за тоа што сметаме дека е најдобро за нашата заедница. Во диктатурите, режимот одлучува што е општото добро – ова е една од големите разлики меѓу демократијата и диктатурата.12

Секој може, и учествува во оваа долготрајна дискусија: политичките партии, групите со интерес, медиумите, политичарите и индивидуалните граѓани. Всушност ова е поентата на учеството во демократија – дебатирање и потоа одлучување што е најдобро за земјата (или светот), и како да се постигне оваа цел.

Оваа тема е направена како доста поедноставен модел на овој процес на одлучување. Се почнува со искажување на индивидуалните идеи за општото добро – кога размислуваме за нашите приоритети ако ти би биле водач на својата држава, размислуваме и за општото добро. Сега сме во процес на формирање партии.

V4_P103_MACED

 

Во следниот час, вие ќе преговарате едни со други со цел да согледате дали можете да формирате мнозинство кое ќе го одреди општото добро – засега.

Дијаграмот покажува што се случува во таков процес на одлучување. Да претпоставиме дека има две цели во дискусијата, цел А и цел В (овие можат да се поврзат со конкретни цели кои партиите ги претставиле). Трите стрелки со точки ги прикажуваат  конечните избори кои партиите ги застапуваат – некои би сакале да дадат приоритет на целта А (варијанта ААВ), некои на В (варијанта ВВА). Ова се различни идеи за компромис. Секоја партија претставува одредена агенда која ги поддржува интересите на одредена група во општеството, и се нуди да ги земе предвид интересите на другата страна. Затоа партиите се трудат да влијаат за одлуката да биде во нивна корист – а1 и а2 залагајќи се за целта ААВ а партиите b1 и b2 влијаат во спротивната насока (ВВА).

Која опција е најдобра во однос на општото добро: ААВ или ВВА? Или пак баланс кој е во средината: АВ? Мора да се направи одлука. Партиите одлучуваат и пробуваат да дојдат до компромис за кој може да се согласат, а со тоа и да се поддржат меѓусебно. Во демократиите компромисот е цената што се плаќа за моќ. Моќта на одлучувањето ја има мнозинството. Малцинството или индивидуалците можат да влијаат на одлуката со правилно расудување.

Одлуките кои се прават на овој начин се постојано подложни на критики. На крај, одлуката можеби не придонесува за општото добро. Условите можат да се сменат. Мнозинствата можат да се сменат. Мнозинството може да се разубеди со правилно расудување. Демократското општество е општество кое учи.

Продолжение (овој дел може да се даде одделно)

Како сево ова е поврзано со клучните концепти на оваа тема – разноликост и плурализам?

Со практикувањето на слободата на мислење и и изразување, индивидуалните граѓани создаваат широк спектар на индивидуални мислења за тоа што е најдобро за државата. Граѓаните кои имаат интерес за нивните цели да се претворат во дела формираат или се приклучуваат во организации како што се партиите, групите од интерес итн. Ова е организиран плурализам (видете ги а1, а2, b1, b2 во дијаграмот).

Плурализмот создава конкуренција за моќ и политичко влијание. Одлучувањето бара некои цели и интереси да се приоритетизираат, а другите да се одбијат. Некогаш компромисот е потребен за да се достигне потребното мнозинство.

Граѓаните кои не учествуваат во оваа игра на гласно искажување на интересите и погледите ќе сфатат дека се изоставени. Во сечиј интерес е да се учествува во демократијата.

12. Видете го материјалот за ученици 3.6 за подетален третман на оваа тематика.