Лекција 1: Кои проблеми се за нас интересни?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 1: Кои проблеми се за нас интересни?

Учениците учествуваат во планирање на дебатата

Ве молиме забележете: овој час се одвива три недели пред другите часови.

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Преземање одговорност: одбирање на предмети и материјали со примена на критериуми.
Крајна цел на учењето Критериуми за одбирање на проблеми за дебата на часот: политичка релевантност, интереси на учениците, врски со разбирањето и искуствата на учениците.
Задачи на учениците Учениците разменуваат идеи и собираат информации за дебатата.
Материјали и извори Информација од медиумите.
Записи од лично искуство.
Хартиена табла за прикажување на предлозите од учениците, со список (имиња на учениците со поле за штиклирање).
Материјал за ученици 8.1.
Метод Работа во тандем-тимови.
Временски буџет 1. Учениците се запознаваат со тематиката – 15 мин.
2. Претставување на задачата – 10 мин.
3. Работа во тандем-тимови – 15 мин.
Интервал меѓу лекциите 1 и 2 – 3 недели.

Информација за наставникот: зошто оваа лекција се одвива 3 недели однапред.

Оваа лекција се одвива три недели понапред од другите за да можат учениците да ги спремат информациите за втората лекција и да учествуваат во планирањето на дебатата за лекцијата 3. Оваа лекција служи како предвремена организација: учениците ги собираат потрените информации за задачата однапред.

Учествувањето во планирање на часови одговара на учествувањето во заедницата. Во сите случаи активниот граѓанин е информиран граѓанин. Гледано од оваа перспектива, предвременатаорганизација во оваа тема го демонстрира генералниот принцип за учество во демократијата.

Предвремената организација бара временски период од околу 3 недели меѓу првата и втората лекција. (Затоа наставникот треба да одлучи како да ги користи часовите во рамките на овој интервал). Организацијата се состои од две фази:

Фаза 1 (две недели): учениците работат во тандем- тимови. На крајот на првата фаза секој тим направил предлог за проблем на дебатата, проблем кој го сметаат за интересен и погоден. Тие снабдуваат информациски материјал за класот (една страна).

Крајниот рок ја одредува датата кога завршува фазата 1 и почнува фазата 2

Фаза 2 (една недела): време за читање. На крајот на втората фаза секој ученик ги знае сите предложени проблеми и ги прочитал сите материјали. Секој ученик одбрал проблем за дебатата.

Временска структура за предвремената организација

Лекции Лекција 1 Лекција 2
Активности на учениците

Фаза 1

Учениците работат на предлозите за проблем на дебатата.

Фаза 2

Учениците ги читаат предлозите.

Класот бира проблем преку гласање.
Временска линија Недела 1-
Недела 2
Недела 3
Краен рок
right-arrow

Опис на лекцијата

Подготовки пред часот

За првиот чекор, дебатирањето: ако е потребно, наставникот ја расчистил училницата за вежбата за дебатирање.

За чекорите 2 и 3, упатство во задачата: наставникот ги прикачил листовите на таблите во училницата.

1. Учениците се запознаваат со тематиката

Подготовка: наставникот прави линија на подот со помош на конопче долго околу пет метри. На учениците ќе им треба доволно простор за да стојат на секоја страна од линијата, гледајќи едни во други. Ако училницата е премала или нема простор, вежбата може да се прави во ходникот.

Наставникот им вели на учениците да застанат и формираат круг околу линијата. Тогаш наставникот изјавува:

„Секое дете треба да помине уште една година на училиште.“

Наставникот им вели на учениците да одат на една страна од линијата – лево, ако го поддржуваат исказот и десно ако не го поддржуваат. Тие имаат неколку минути да ги споделат нивните причини и идеи.

Тогаш наставникот ги замолува групите да ги разменат нивните аргументи. Има неколку правила кои треба да се почитуваат:

  1. Двете страни ги презентираат аргументите една по една.
  2. Не смеат да се прекинуваат говорниците.
  3. Говорниците имаат 30 секунди да се искажат.

Учениците потоа ја прават размената на аргументи која наликува на дебата. По пет минути, или порано ако некоја страна нема повеќе идеи, наставникот ја сопира дебатата и ги замолува учениците да седнат на своите места – кои идеално би биле наместени во отворен квадрат за да се подобри комуникацијата.

2. Претставување на задачата

2.1 Зошто дебатирањето е битно за учествувањето во демократијата

Наставникот ја напоменува предходната активност – која беше дебата. За кратко време се разменија многу идеи и аргументи. Учениците можат да коментираат за нивното искуство.

Наставникот објаснува дека учениците треба да ги развијат нивните вештини за дебата, бидејќи многу дискусии во демократски околности се спроведуваат на ваков начин. Граѓаните ги уживаат човековите права на слободно мислење и изразување, но им се потребни вештините за дебата за да ги практикуваат.

Наставникот внимава учениците да ја разберат и прифатат оваа дефиниција на нивната задача.

2.2 Појаснување: што е добар проблем за дебатирање?

Наставникот се осврнува на тематиката – како што покажаа учениците, проблемот за дебата беше добар. Што е добар проблем за дебатирање?

Настанвикот ги слуша предлозите и идеите на учениците  и ги сумира во клучни зборови на таблата. Се очекува тие во поголема мера да кореспондираат со петте критериуми (3а-3е) во материјалот за ученици 8.1

Наставникот објаснува дека дебатата што следи ќе биде поинтересна, а учениците ќе бидат поуспешни ако дебатата ја извршат со проблем по нивен избор. Затоа тие имаат можност даизберат проблем на следниот час кој ќе биде по три недели. Дотогаш тие треба да подготват предлози за проблемот со кој ќе се занимава дебатата. Класот ќе избере во вториот час.

Наставникот го дели материјалот за ученици 8.1 и ги напоменува критериумите кои учениците ги предложиле и им вели да ги споредат нив со критериумите од 3а-3е во материјалот. Ако учениците и наставникот се согласуваат за изменување на листата на критериуми, тоа и го прават.

2.3 Инструкции за задачата: собирање на идеите на табла

Наставникот оди до хартиените табли кои сена ѕидот и ги замолува учениците да го читаат материјалот за ученици 8.1 додека тој/таа ја црта следната табела:

Што е добар проблем за дебатирање?
Секојдневен живот или живот во училиште Социјални или културолошки проблеми Политички проблеми Други проблеми

 

 

 

 

 

 

 

 

Откако учениците го прочитале материјалот, наставникот посочува на таблата. Проблемот кој учениците го дискутираа на почетокот на часот беше политички проблем – како треба да се организира образованието во нашата земја. Но и другите проблеми се интересни:

  • Политички проблеми;
  • Социјални проблеми;
  • Проблеми во секојдневниот живот или на училиште;
  • Други проблеми – за сите други идеи.

Учениците можат да се осврнат на нивното лично искуство, на тоа што го знаат за моменталната политичка агенда, или можат да бараат информации.

Во овој момент, учениците би требало да имаат некои примери. Наставникот ги охрабрува учениците да ги изнесат своите идеи. Ако ова е претешко, наставникот може да помогне со овие примери:

  • Секојдневен живот или живот во училиште: „Автомобилите прават поголема штета отколку корисност.“
  • Социјални или културолошки проблеми: „Телевизијата има позитивна улога во општеството.“ (Или: интернетот, мобилните телефони, итн.)
  • Политички проблеми: „Жените треба да се третираат исто како мажите.“

2.4 Инструкции за задачата: почитување на крајниот рок

Наставникот објаснув зошто постои крајниот рок. Рокот е даден за сите да имаат шанса да го прочитаат материјалот – пет школски дена пред првиот час. Учениците мораат да разберат дека тие ќе го одберат проблемот, но предходно мора да ги прочитаат материјалите. Во спротивно не може да се направи демократското гласање бидејќи тоа треба да е ефикасно организирано во временскиот период кој е достапен. На часот нема да има време да се читаат материјалите.

Наставникот им кажува на учениците каде да ги остават материјалите и нивниот лист со белешки.

На крајот тој/таа истакнува дека битно е учениците да се решат кој проблем би сакале да е тема на дебатата.

3. Работа во тандем-тимови

Учениците формираат тандем-тимови и работат самостојно, следејќи ги упатствата кои дадени во материјалот. Тие самите си ја одредуваат домашната задача.